Aktualno
-
Министерство за енергетика: Ако сметката за струја е неточна, граѓаните да поднесат приговор до ЕВН во рок од 8 дена
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини преку соопштение посочува дека иницираше интезивни активности за правично и транспарентно информирање на јавноста во врска со сметки за електрична енергија. Министерството, како носител на државната политика во енергетскиот сектор, активно ги координира сите институции и ги потсетува на нивните обврски според законот, со цел граѓаните да бидат целосно заштитени од потенцијални злоупотреби.
-
Една третина од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија живеат со вишок на килограми
30,4 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија живеат со вишок на килограми. Од нив, 13,8 проценти живеат со дебелина, а 4,4 отсто со екстремна дебелина, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
-
Над 9.500 слободни работни места во Македонија: Кои професии се најбарани?
Државниот завод за статистика го објави бројот на слободни работни места во четвртиот квартал во 2024 година кој изнесува 9.562, а најголем број, 2.149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници.
-
Македонски или странски клиенти – каде фриленсерите заработуваат повеќе?
Во светот на фриленсот, македонските работници сè почесто се наоѓаат пред дилемата – дали да соработуваат со домашни клиенти или да се насочат кон меѓународниот пазар? Додека едната опција нуди познат контекст и комуникациска леснотија, другата ветува подобри плати и поголеми можности за напредок.
-
Христијан Бузалковски ќе биде првиот Македонец кој ќе вози на 24 часа Ле Ман
Историски момент за Македонија и македонскиот спорт бидејќи Христијан Бузалковски ќе биде првиот Македонец кој доби понуда за трка од светски размер.
-
Брутално работно време: Ко-основачот на Google смета дека вработените треба да работат 12-часa
Трката за вештачка интелигенција е немилосрдна, како и работното време предложено од ко-основачот на Google, Сергеј Брин.
-
НАЈАВА ЗА ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ ВО МАКЕДОНИЈА: Температури и до 23 степени!
Во текот на оваа седмица, односно во периодот од 3 март па се до 10 март нашата Македонија ќе биде во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој ќе условува стабилно, суво и претежно сончево време. Меѓутоа, од среда (5 март) нашата Македонија ќе подпадне под влијание на значително потопла воздушна маса од југ која ќе услови голем пораст на максималните дневни температури на воздухот, и истите ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината.
-
Инженери на Македонија: ЕВН да ги читаат броилата еднаш месечно
Инженери на Република Македонија (ИНРМ) бараат од Регулаторната комисија за енергетика да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата
-
Како да изградите успешна кариера без универзитетска диплома?
Не ви треба диплома за да успеете – ви требаат вештини, истрајност и паметни одлуки.
-
Бидете претплазливи: Зголемен број измами врз повозрасни граѓани
Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица.
-
Се ближи денот на жената: Какво цвеќе најчесто се купува за 8-ми март и по која цена?
Се наближува 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, а по тој повод се подарува и цвеќе на припадничките на понежниот пол.
-
Мартовски конкурс за студентски оброк - и овој месец е 140 денари дневно за храна
До 5-ти март, студентите кои не добиваат, може да конкурираат за студентски оброк. Дополнителниот конкурс се објавува на почетокпт на секој месец и на него може да аплицираат студенти кои не земале или го изгубиле правото на студентски оброк, а доколку ги исполнуваат условите -може да добијат и било кој месец во академската година (октомври-јуни).
-
Банка по грешка му платила на клиент 81 милијарда долари наместо 280 долари
Минатиот април американската банка Ситигруп по грешка депонирала 81 милијарда долари на сметката на клиент наместо 280 долари, но трансакцијата била поништена неколку часа подоцна.
-
На преглед кај матичен првин со верификација на телефонски број
Пациентите кои ќе одат на преглед или по упат кај матичен лекар, првин ќе треба да го верификуваат својот телефонски број во системот Мој Термин.
-
Три службени јазици и 70 замоци: Државата со највисока минимална плата во светот
Луксембург е една од најмалите земји во Европа, но не дозволувајте првиот впечаток да ве измами – на мала површина се кријат бројни интересни факти и атракции. Оваа земја е единствена на многу начини.
-
ДЗС: Во четвртиот квартал лани 9.562 слободни работни места
Државниот завод за статистика информираше дека бројот на слободни работни места во четвртиот квартал лани изнесува 9.562, а најголем број, 2.149, има во втората група занимања - Стручњаци и научници.
-
Овие креативни работни места спаѓаат во топ 5 добро платени: Повеќето може да се работат од дома, а дипломи не се неопходни
Креативните луѓе често се пофалуваат за нивната уметничка визија, но нивните работи традиционално се поврзуваат со слабо платени позиции.
-
Колку им е тешко на младите да купат стан во Скопје?
Купувањето на првиот стан во Македонија претставува значителен предизвик, особено за младите кои немаат финансиска поддршка од семејството.
-
Добра вест за возачите: Од полноќ значително поевтини горива
Сите горива од вечерва на полноќ поевтинуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
-
УКИМ почнува со дигитална трансформација, електронски индекс за една ипол година
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат студентските сервиси, а ќе се работи и на електронски индекс за што таа смета ќе треба подолго време.