Vrabotuvanje.com -
Podijeli
Tweet
Podijeli

Vježbe i testovi

Како да се изразувате во тек на интервјуто за работа?

Освен првиот впечаток, начинот на кој сте облечени и одговорите кои ги давате на разговорот за работа, многу е важно на кој начин ќе го кажете се тоа што ве прашуваат. Вербалните способности како дикција, ширината на вокабуларот, изреките во говорењето и термините кои ги користите можат да направат разлика во изборот на кандидат. Што појасно и поелоквентнно говорите, вашите одговори ќе имаат „поголема тежина“.

Исфрлете ги изреките

Како прво, сè што е непотребно во една реченица – исфрлете! Изреките како „овој“, „како се вика“, „во принцип“ … одземаат сила и смисла на вашата изјава. Освен тоа ја откриваат вашата несигурност што, повторно, може да предизвика сомнеж во тоа дали сте баш вие правиот кандидат за работа.

Од друга страна, колку и да бидете самоуверени и опуштени немојте да користите жаргонски речник, локализам ниту кој било вид на збор кој не е дел од формалниот говор. Ќе делувате неозбилно и ќе изгледате како да ви е гајле за работодавецот и за работата на која сте конкурирале и исто така не ја почитувате ситуацијата во која се наоѓате.

Истакнете ги конкретно вашите успеси, но без пофалби

Формулирајте ја својата реченица така што она јасно ќе го покаже вашето мислење наместо да биде од генерален карактер. Исто така, избегнувајте да одите во друг контекст и сè што ќе кажете да започнува со „ЈА“. Често се случува луѓето да се, кои реченицата ја почнуваат на овој начин, необјективно поврзани за своите можности. Во главно се тоа „фалбаџии за лични подвизи“. Најдете мера да ги субјектирате своите успеси и да ги истакнете низ право лице а сепак да го избегнете „ЈА“ како почеток на секоја реченица.

Правилно користете стручни изрази

Широк вокабулар и елоквентност не значи дека треба да се „гаѓате“ со стручни изрази и поими кои не ги познавате. Стручни изрази кои ги користиме во говорот не се нешто што можеме да го научиме за еден ден и со самото тоа правилно да ги употребуваме во одредени прилики, тоа е нешто што го учиме цел живот во склоп на сопственото образование и многу е очигледно кога се исфорсирани. Непотребно е да се истакне дека со тоа не си правиш услуга на себе.

Одговарајте со цела реченица

Пожелно би било да, на сите прашања кои ќе ви ги постават за време на интервјуто, да ги одговорите со полна реченица. Не е доволно само потврдно или одречно да го искоментирате прашањето, препорачливо е да со полно објаснување на своите мислења на одредена тема, дадете задоволни одговори. Никој не е во ситуација да чита мисли и да види колкав потенцијал вие носите во себе и доколку не го искористите на правилен начин може да остане некорисен.

Наспроти тоа, ниту цитирање на грчки филозофи и мислители нема да ви помогнат, освен ако баш тоа не се бара на работата каде што сте конкурирале. Местото на кое сте одлучиле да барате работа, има јасно дефинирани потреби за вештини и знаења кои е потребно да ги поседувате, и на народните умотворби таму не им е место (можат да бидат симпатични во мала мера и ако добро се вклопат во контекстот, ама не треба да се претерува). Премногу „филозофирање“, во оваа прилика, не е пожелно зашто со тоа одземате драгоцено време на луѓето со кои разговарате. На интервју за работа е важно да бидете јасни и тоа го исклучува „фалењето“ со животна филозофија.

Истакнете интересирање

Интересите се многу различни кај секој од нас, тие носат потенцијал да се покажеме во различни области на работењето па со самото тоа не е лошо да истакнете што ве интересира. Во таа смисла не е погрешно да покажете емотивна пристраст спрема работата за која сте конкурирале. Тоа ќе даде до знаење на вашиот потенцијален работодавец дека пред него е некој кој ќе ја сака работата која ќе ја работи а тоа секако е голема предност.

Немојте да се колебате

Како се изразувате на интервју за работа, зборовите кои ги употребувате се тие кои ќе ви овозможат успех (доколку постојат генерални предиспозиции т.е. доколку исполнувате потребни критериуми за таа работа) и со самото тоа би требало да избегнувате зборови кои ќе ја откријат вашата несигурност, бидејќи они зборуваат дека ни вие самите не сте сигурно во вашиот потенцијал и можност за успех. Во приликата каде и сами се сомневате дали нешто можете, пожелно е да признаете и да кажете дека ќе научите. На овој начин ќе имате и доверба од работодавецот а тоа секако многу значи.

Бидете деловни и насмеани

Позитивен став во тек на интервју за работа, може да ви помогне толку колку што вие ќе зрачите со самодовербата и позитивната енергија. На сите прашања, во граница на можност, пробајте да одговорите во позитивен контекст т.е. немојте да користите негирање и негативи зборови во речениците („не сум никогаш“, „не знам да.“ и слично). Пожелно е да го истакнете она што го знаете, сакате и можете а не она што несакате да го правите и не го знаете.

Голема предност давате и со насмевката и емоциите (умерено, секако). Препорачливо е да се дејствува во согласност со околностите, значи работно и озбилно, ама тоа во ниеден случај не значи дека треба да бидете крути и без насмевка. Луѓето кои се насмевнуваат носат позитивна енергија во себе и која ги, со самото тоа, претставува во позитивно светло. Зрачите позитивно па ќе имате таков впечаток оставено.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje