Oglasi
Огласи – Вработување за клиенти
Зошто некои огласи на Вработување се анонимни? Како да дојдат до информации за таквите работодавачи?
Податоците за работодавачот се изоставени на барање на самиот работодавач кој од одредени деловни причини сака да остане анонимен. Ја разбираме дилемата на барателите на работа во вакви случаи, но наша деловна и професионална обврска е да го почитуваме правото на клиентот за доверливост на податоци.
Сомнеж за вработувањето во фирмата/жалба за оглас
Компанијата ХУ која објавила оглас на порталот Вработување воопшто не вработува/дала лажен оглас/ги злоупотребува работниците. Дали ги проверувате огласите објавени на порталот Вработување?
Навистина ни е жал кога ќе слушнеме дека одредени работодавачи се однесуваат несовесно и непрофесионално кон своите работници. Пред да објавиме оглас од некој работодавач на нашата страница, проверуваме дали фирмата е регистрирана и дали работи законски, и ако содржината на самиот оглас е коректна, немаме причина зошто да не го објавиме огласот. За жал, не може однапред да знаеме какви се околностите и условите на работа во соодветната фирма па врз основа на тоа да одлучиме дали ќе го објавиме или не огласот. Во вакви ситуации можеме да се потпреме само на повратните информации од нашите корисници. Доколку повеќе работници се пожалат за истата фирма и имаат докази за кршење на нивните работнички права, тогаш може да преземе внатрешни мерки и да прекинеме соработка со таа фирма. Воедно, ќе ја контактираме и фирмата и ќе ја предупредиме за пристигнатите жалби како и за можноста да ја прекинеме соработката во случај на дополнителни поплаки. Освен наведеното, не можеме ништо повеќе да направиме бидејќи немаме никакво легитимно право да интервенираме во каква било друга смисла. За такво нешто постојат овластени државни институции, како Државниот инспекторат на Република Хрватска, кои може да ги контактирате за да ве советуваат за понатамошни чекори што може да ги преземете во ваква или слична ситуација.