Vrabotuvanje.com -
Podijeli
Tweet
Podijeli

Uspiješne priče

800 вработени и Лидер во индустријата – Mozzart Македонија

Како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, повеќе од две децении одговорно ја градиме нашата репутација. Нашите почетоци се во 2001 година, со седиште во Белград, за подоцна да ја прошириме работата на уште 10 пазари. Со повеќе од 1.200 работни места и над 5.500 вработени, ние сме апсолутен регионален лидер во оваа индустрија. Посветени сме на развивање и негување на стручноста на нашите вработени, а истовремено се грижиме за напредокот во кариерата.

Брендот Mozzart во Македонија е присутен од 2008 година. Благодарение на добро смислениот бизнис модел за кратко време станавме лидер на пазарот во Македонија. Севкупната работна филозофија на компанијата е заснована врз основа на модерни бизнис принципи со постојано подобрување на услугите. Со мрежа од преку 170 уплатно исплатни места и над 20 автомат клубови, Mozzart целосно ја покрива територијата на Македонија и во моментов е работодавач на повеќе од 800 вработени. Постојано го подобруваме нашето работење и услуги, следејќи го напредокот во технологијата и поттикнувајќи ги иновациите. Со општествено одговорна работа и грижа за вработените, внимателно изградивме репутација на најпосакуван работодавач.

Зоштo ние?

Свесни сме дека корпоративниот успех зависи од задоволството на вработените, затоа создаваме позитивно и мотивирачко работно опкружување. Бидејќи сме тимски ориентирани, организираме различни собири и активности што го зајакнуваат тимскиот дух, како во работно време, така и надвор од него. Веруваме дека отворената комуникација е клучна за успехот, па затоа ги вреднуваме идеите и предлозите на нашите вработени. Нашата цел е да поттикнеме соработка, професионален развој и продуктивност во пријателска и поддржувачка средина.

Начинот на кој функционира нашата компанија е толку посебен што нашите идни вработени не треба да имаат ни најмал сомнеж дека работењето за нас ќе им биде едно од најважните професионални искуства во животот.

Развиваме “развој”

Луѓето не се менуваат, тие се развиваат. Наша водилка во бизнисот е девизата дека развојот на луѓето оди во две паралелни насоки, а тоа се развој во насока на компетенции и струка како прва насока, и познавање на бизнисот како втора. Во пракса, ова значи дека постојано се запознаваме со тековните деловни иницијативи, нови производи, тековни проекти, процеси во кои очекуваме промена како краен ефект на развојот. Познавањето на бизнисот и улогата на вработените ни ја даваат потребната поширока перспектива врз основа на која ја препознаваме меѓусебната поврзаност на процесот и интерната база на знаење која е извор на скапоцени прилики за развој. 

Грижа за вработените – Клучот за успехот на Mozzart

Во Mozzart Македонија, веруваме дека задоволните и мотивирани вработени се двигателот на нашиот успех. Затоа, постојано вложуваме во создавање подобри услови за работа, наградување на трудот и поддршка на личниот и професионалниот развој. Нашите бенефиции не се само дополнителни придобивки – тие се дел од нашата култура, преку која ги поттикнуваме вработените да напредуваат, да се чувствуваат сигурно и да имаат баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Со различни програми за наградување, можности за унапредување, обуки и грижа за благосостојбата, нудиме средина каде што секој вработен може да го достигне својот полн потенцијал. Затоа, Mozzart Македонија е повеќе од работно место – тоа е место каде што луѓето растат, се развиваат и уживаат во својата кариера!

Компанија со врвни стандарди и квалитет

Слободно може да кажеме дека нашата компанија е горд носител на три престижни ISO сертификатиISO 9001 (управување со квалитет), ISO 27001 (информациона безбедност) и ISO 14001 (заштита на животната средина), што е потврда за нашата посветеност на врвни деловни практики. Овие стандарди гарантираат квалитетна услуга, заштита на податоците и одговорност кон животната средина, правејќи ја нашата компанија сигурен и одговорен партнер.

Заеднички градиме подобро општесто

Општествената одговорност е неразделен дел од деловната стратегија на Mozzart, присутна во сите наши активности. Секогаш настојуваме да одговориме на барањата за донации и спонзорства, а бројните признанија и благодарници, кои го красат нашето работно опкружување, се најголем доказ за нашата посветеност.

Горди сме на долгиот список на реализирани хуманитарни и општествено корисни проекти. Нашата поддршка стигнала до здравствени институции, училишта, градинки, невладини организации, спортски клубови, локални самоуправи и многу други. За нас, секоја година е нов предизвик за уште поголеми достигнувања, со кои не само што го потврдуваме лидерството во приредување игри на среќа, туку и се истакнуваме како пример за одговорна и општествено ангажирана компанија.

Од почетна позиција до врвот: Инспиративната приказна на Христијан од Мотоцентар

Во денешното динамично деловно опкружување, успешните компании се оние што вложуваат во своите вработени, обезбедувајќи им можности за развој и напредок. Токму таква е приказната на Мотоцентар, една од водечките компании во својата индустрија, каде што професионалниот раст и тимската работа се на прво место.

Градењето кариера во една компанија, од почетна позиција до менаџерска улога, е пат што бара посветеност, трудољубивост и континуиран развој. Во Мотоцентар – една од водечките компании во индустријата за гуми и автоделови, можностите за напредок се реалност за сите амбициозни вработени.

Разговаравме со Христијан Ѓеорѓиевски, кој од позицијата Возач/Дистрибутер напредувал до позицијата Менаџер на продажен салон во Кисела Вода, а во ова интервју ни открива кои биле неговите најголеми предизвици, клучни моменти и што е она што го мотивирало да успее.

  1. Кажете ни нешто повеќе за Вашите почетоци во Мотоцентар. На која позиција почнавте да работите и како изгледаше вашиот кариерен пат до позицијата Менаџер на продажен салон, на која што сте денес?

Во Мотоцентар започнав да работам во 2010 година на позицијата Возач/Дистрибутер, при што во целокупниот работен стаж во траење од 15 години ја достигнав менаџерската позиција.

  1. Кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте како почетник во Вашата кариера?

Како почетник најпрво се соочив со работа во компанија чија примарна дејност е продажба на гуми за моторни возила, при што до тој момент немав искуство со работа во ваква или друга сродна дејност, но мојата посветеност секако ми помогна во почетокот на мојата кариера, а мојата упорност и личен развој вродија со плод.

  1. Што мислите, кои карактеристики или вештини Ви помогнаа да напредувате во компанијата?

Сметам дека мојата трудољубивост и чесност ми помогнаа да напредувам, секако сум задоволен и од можноста и способноста истите да бидат препознаени и наградени од страна на моите претпоставени.

  1. Како изгледаше Вашиот пат до менаџерската позиција? Дали имаше клучни моменти или одлуки што го одредија тој развој?

Со оглед на фактот што променив повеќе позиции и тоа како што веќе напоменав, најпрво возач - односно дистрибутер, потоа комерцијалист и одговорен на возниот парк во Мотоцентар, како и поради тоа што веќе стекнав доволно искуство и знаење од работата, сметав дека е време да ги искористам моите менаџерски особености и да истапам чекор напред во градење на кариера во Мотоцентар. Несомнено, желбата да придонесам во успехот на нашата фирма доведоа до конечна одлука да започнам со вршење менаџерска позиција.

  1. Кој е најважниот совет што го добивте од Вашите колеги или менаџери во текот на Вашата кариера?

Најголемата поддршка ја добив од Генералниот менаџер, а и од останатите колеги што ми беше голем поттик за успех.

 

  1. Кажете ни нешто повеќе за компанијата Мотоцентар како работодавач? Како Мотоцентар се грижи за своите вработени?

Мотоцентар во основа е општествено одговорна фирма, но и покрај ова води особена грижа за своите вработени преку воспоставување на поволна работна клима. Особено важно е што кога и да се создадат услови за тоа, компанијата организира обуки, тим билдинзи, настани со помош на кои колегите можат да се доквалификуваат, да стекнат нови корисни знаења и вештини и сл.

  1. Како го доживеавте преминот од оперативна позиција кон менаџерска? Што беше најголемиот предизвик во тој процес?

Најголемиот предизвик беше тоа што менаџерската позиција вклучува воспоставување на меѓусебни колегијални односи со колегите, а мојата примарна цел беше успешно менаџирање со кадарот во насока на максимално искористување на потенцијалите.

  1. Како ги мотивирате и инспирирате Вашите колеги, особено оние кои се на почетокот на нивната кариера?

Колегите секогаш се трудам да ги мотивирам преку личен пример. Колегите кои се соочуваат со потешкотии, а особено оние кои се на почетокот на нивната кариера, во секое време се трудам да им понудам помош и поддршка кога им е тоа потребно. Освен ова, секогаш се трудам да покажам доблесност и човечност за да ги разберам и нивните потреби и проблеми што сметам дека има големо влијание на целокупната работна клима.

  1. Кои се Вашите совети за младите кои сакаат да напредуваат во својата кариера и да стигнат до менаџерска позиција?

Истрајност, трудољубивост, неуморна желба за успех сметам дека се особините кои неминовно водат кон успех. Постојаниот личен развој и инвестирање во своите знаења и вештини секако придонесуваат кон напредок.

  1. Што би им порачале на луѓето кои се двоумат дали вреди да почнат од почетна позиција во компанијата?

Сметам дека секогаш вреди да се започне од почетна позиција бидејќи знаењето што постепено се стекнува е од особено значење за понатамошен напредок. Генерално, ентузијазмот и желбата за успех со кои се оди чекор по чекор, скалило по скалило,  според мене секогаш се повредни од стекнувањето на повисоки позиции без ред, односно без постепен процес.

  1. На крајот, Ве прашуваме зошто е добро да се биде дел од тимот на Мотоцентар?

Тимот на Мотоцентар се одликува со колегијалност, како и пријатна работна атмосфера што во денешно време во комбинација со навремена и редовна исплата на месечните примања ветува сигурност и стабилност. Секако, можноста за континуиран личен развој е она што му е потребно на секој млад и амбициозен човек, а токму тоа е можно во компанија која се грижи за своите вработени со организирање на предавања, како и други настани за стекнување на нови знаења и вештини.

Како што можеме да видиме од ова искуство, Мотоцентар не е само работно место – тоа е средина каде што вработените се чувствуваат вреднувани, мотивирани и постојано инспирирани за професионален напредок. Со силен тимски дух и можности за развој, компанијата продолжува да поставува високи стандарди во својата индустрија. 

Приказната на Христијан е одличен пример за тоа како напорната работа, посветеноста и вистинската поддршка од компанијата можат да доведат до професионален успех. Мотоцентар не само што нуди стабилна работна средина, туку и активно вложува во развојот на своите вработени преку обуки, тим билдинг активности и можности за напредок. Доколку барате работно место каде што ќе се чувствувате вреднувани и ќе имате простор за личен и професионален развој, тимот на Мотоцентар е вистинскиот избор за вас!

Доколку сакате да станете дел од тимот на Мотоцентар и да ја градите својата кариера во успешна и стабилна компанија, погледнете ги огласите за работа и аплицирајте уште денес! 

Вулканизери - Скопје (Кисела вода, Нерези, East Gate)
линк за повеќе детали и аплицирање

Магационери - Илинден
линк за повеќе детали и аплицирање

Администратор / Продавач - Скопје
линк за повеќе детали и аплицирање

Од Вулканизер до Менаџер: Успешната приказна на Ѓуриша во Мотоцентар

Во светот на автомобилските услуги, успешните приказни честопати започнуваат од најосновните позиции и се градат низ години на посветеност и труд. Таков е и примерот на Ѓуриша Мршиќ, кој својата кариера ја започна како вулканизер, а денес е одговорен менаџер на продажно-сервисниот центар во East Gate.

Ѓуриша Мршиќ е еден од оние вработени кои низ годините ја граделе својата кариера чекор по чекор, докажувајќи дека трудот, посветеноста и упорноста носат резултати.

Во 2011 година, Ѓуриша ја започна својата кариера во Мотоцентар како вулканизер. Неговото прво работно искуство го стекна во сервисот во Маџари, каде што помина два месеци, по што беше преместен во сервисот во Момин Поток. По шест месеци работа, вештините и знаењето што ги стекна го подготвија за следниот чекор – преместување во новоотворениот сервис во Нерези во април 2012 година. Таму работеше како вулканизер сè до 2017 година, кога доби можност да премине во продажниот салон во Кисела Вода.

„Тоа беше сосема ново искуство за мене, нешто поинакво од сето она што претходно го работев“, споделува Ѓуриша. По една година во продажба, во 2018 година беше унапреден на позицијата одговорен менаџер на продажно-сервисниот центар во Нерези, а во 2021 година ја доби можноста да работи како одговорен менаџер во продажно-сервисниот центар во East Gate, каде сè уште успешно раководи со истиот.

Во ова интервју, тој ја споделува својата инспиративна приказна за професионалниот развој во Мотоцентар, компанија во која работи веќе 14 години. 

1. Кажете ни нешто повеќе за Вашите почетоци во Мотоцентар. На која позиција почнавте да работите и како изгледаше вашиот кариерен пат до позицијата на која што сте денес?

Мојот почеток во Мотоцентар започна во 2011 година како вулканизер. Започнав со работа и обука во сервисот во Маџари таму бев 2 месеци. Потоа ме префрлија во сервисот во Момин Поток како вулканизер каде што после 6 месеци работа стекнав искуство и знаење. Во Април 2012 година се отвори нов сервис во Нерези каде што продолжив да работам како вулканизер се до 2017 година. Во 2017 година добив унапредување во продажба и ме преместија во продажниот салон во Кисела Вода каде што се стекнав со нешто ново и поинакво од тоа што сум го работел. Во продажба бев една година и веќе во 2018 година добивам нов предизвик односно ново унапредување како одговорен менаџер на продажно сервисниот ценар во Нерези, а во 2021 продолжувам како одговорен менаџер во продажно сервисниот салон во East Gate.

2. Кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте како почетник во Вашата кариера?

Најголем предизвик со кој се соочив беше преместувањето во сервисот во Нерези каде што почнав да работам сам како вулканизер и сам се соочував со решавање на проблемите во текот на работата и мислам дека така и го стекнав моето најголемо искуство во работата како вулканизер.

3. Што мислите, кои карактеристики или вештини Ви помогнаа да напредувате во компанијата?

Чесна работа, упорност во работата и одговорност.

4. Како изгледаше Вашиот пат до менаџерската позиција? Дали имаше клучни моменти или одлуки што го одредија тој развој?

Додека работев во сервисот во Нерези, имав прилика да видам и да научам нешто и во делот на продажбата. Имав голема подршка од колегата Драган Петковски кој ми беше претпоставен и многу работи поврзани во делот на продажбата ги научив од него .

5. Кој е најважниот совет што го добивте од Вашите колеги или менаџери во текот на Вашата кариера?

Да бидам колегијален, да соработуваме сите еднакво, затоа што ние сме повеќе продажно сервисни центри, а сепак еден голем тим кој работи заеднички.

6. Кажете ни нешто повеќе за компанијата Мотоцентар како работодавач? Како Мотоцентар се грижи за своите вработени?

Мотоцентар е компанија која постои 30 години и јас сум дел од тимот на Мотоцентар веќе 14 години. Мотоцентар е компанија која секогаш се грижи за своите вработени, компанија која секогаш дава можност за унапредување, обука за надоградување на знаењето на вработените, компанија која секогаш знае да ги награди вработените и да им даде мотивација за работа. Компанија која секогаш им обезбедува услови за работа во најмодерно опремени сервисно продажни центри на своите вработени.

7. Како го доживеавте преминот од оперативна позиција кон менаџерска? Што беше најголемиот предизвик во тој процес?

Тоа беше еден голем успех за мене и уште поголем предизвик за постигнување нови цели. 

8. Како ги мотивирате и инспирирате Вашите колеги, особено оние кои се на почетокот на нивната кариера?

Моите колеги со кои што работам ги мотивирам со моето искуство во Мотоцентар дека со посветеност на работата можат да успеат и просперираат исто како и јас.

9. Кои се Вашите совети за младите кои сакаат да напредуваат во својата кариера и да стигнат до менаџерска позиција?

Треба да вложат многу труд кон работата да го покажат нивното знаење и искуство, да бидат колегијални и тимски играчи.

10. Што би им порачале на луѓето кои се двоумат дали вреди да почнат од почетна позиција во компанијата?

Би им препорачал да не се двоумат, да почнат од позицијата на која што се, да вложат многу труд, да го истакнат своето знаење и да бидат одгворни кон работата. Само така ќе успеат многу и ќе бидат ценети во компанијата.

11. На крајот, Ве прашуваме зошто е добро да се биде дел од тимот на Мотоцентар?

Да се биде дел од тимот на Мотоцентар - значи да се биде дел од една голема и стабилна компанија која е во постојан подем и раст и која нуди големи можности за вработување. 

Кариерата на Ѓуриша е инспирација за сите што сакаат да напредуваат во својата професија. Неговата посветеност и труд покажуваат дека успехот не доаѓа преку ноќ, туку е резултат на континуирана работа и подготвеност за нови предизвици. Мотоцентар останува компанија која ги поддржува и наградува своите вработени, нудејќи им можност за професионален и личен развој.

Доколку сакате да станете дел од тимот на Мотоцентар и да ја градите својата кариера во успешна и стабилна компанија, погледнете ги огласите за работа и аплицирајте уште денес! 

Вулканизери - Скопје (Кисела вода, Нерези, East Gate)
линк за повеќе детали и аплицирање

Магационери - Илинден
линк за повеќе детали и аплицирање

Администратор / Продавач - Скопје
линк за повеќе детали и аплицирање

 

Health Republic: Македонски производи со врвен квалитет и традиција од 21 година

Health Republic е европски бренд со традиција од 21 години со HACCP стандард за квалитет на производство.

Health Republic е европски бренд со традиција од 21 години со HACCP стандард за квалитет на производство. Сите производи се произведуваат во Македонија (Грифин Груп Доoел) и се извезуваат на пазарот на ЕУ и други земји (вкупно 23). Глобалната политика на компанијата е да прави производи со максимален квалитет и без конзерванси, пестициди, вештачки бои, подобрувачи на вкус и со најпристапни цени на пазарот.

Креативноста и иновативниот пристап кон создавање на нови производи и производни линии за да се исполнат потребите на клиентите е главната и приоритетна задача на брендот. Главната цел и задача на компанијата е да воспостави однос помеѓу квалитетот и цените кои се минимални и достапни за секој поединец и граѓанин на одреден пазар. Компанијата има врвен тим експерти од областа на Производството, Маркетингот и Продажбата кои секојдневно вршат анализи со цел да се овозможи процес на развој и дистрибуција на највисок квалитет на производи со најдобра вредност.
 
Компанијата е лидер во изнаоѓање иновативни пристапи кон додатоците во исхраната базирани на чајот Комбуха скоро две децении, а последната линија на производи покажува квалитет достоен за постојан прилив на голем број нови клиенти.
 
Нашиот тим е отворен за соработка и креативни предлози 24/7, можете да контактирате со нас преку е-пошта или на телефон 075/217397.
 
Сопственик Ray Stan – САД
CEO Tatjana Stankovikj – НМК
EU CEO Sasha James – Чешка Република, Европа
 
Сакате да станете дел од нивниот тим? Аплицирајте за работната позиција:
 

Работник во производство
линк за повеќе детали и аплицирање

Погледнете дел од нивното портфолио на производи:

 

Успех за кој се зборува: 30 години Мотоцентар

Мотоцентар - Компанија со 30 годишна традиција

МОТОЦЕНТАР е реномирана компанија  која е основана во 1994 година, која денес брои околу 200 вработени и e синоним за квалитет во продажба и монтажа на пневматици од светски познати брендови. Компанијата на територијата на целата земја има 10 локации, од кои 6 во Скопје (Кисела вода, Момин Поток, Маџари, Нерези, East Gate Mall, логистичкиот центар во Илинден) и 4 продажно – сервисни центри надвор од Скопје, односно во Куманово, Штип, Прилеп и Битола.

Мисијата на МОТОЦЕНТАР е да оствари  квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените, клиентите.

Наша цел е задоволување на потребите на клиентите со високо квалитетни пневматици од светски познати брендови и достапни цени.

Со својата експертиза, искуство и професионализам, како и тимот од млади, обучени и добро подготвени луѓе сме подготвени да понудиме решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат. Креираме и поддржуваме култура во која секој вработен е ценет и создаваме можности за кариерен раст и развој.

Нашата компанија расте и се развива низ годините, со тоа расте и нашиот тим, кој во моментов брои над 200 вработени кои се професионалци во својата бранша. Вработени за кои тимскиот дух, позитивниот пристап и желбата за меѓусебна помош и поддршка се секогаш на прво место. Со овој пристап докажавме дека можеме да ги надминеме сите комплексни ситуации и дека е правилниот избор за остварување на позитивни резултати.

Ние во Мотоцентар негуваме култура на меѓусебна почит и препознавање на ангажманот, посветеноста и лојалноста на нашите вработени.

Во 2024 година одбележавме 30 години од нашето постоење на локалниот пазар, на кој сме и лидери во браншата во која работиме. Годината ја завршивме со прекрасна заедничка јубилејна забава за нашите вработени. Но, она што навистина сакаме да го истакнеме и на што навистина сме горди, е лојаноста на наште колеги.

Во таа насока можеме да се пофалиме дека наградивме повеќе од 20 колеги за лојалност, кои што се дел од нашата компанија повеќе од 15 години. Некои од нив се и 30 години со компанијата, што значи дека зедно сме раcтеле и сме се развивале професионално. Може да се пофалиме и дека имаме колеги кои ги испраќаме во пензија. Тие може да сведочат за сите фази на раст и развој на компанијата. Колегите беа наградени со часовници, подарок со кој сакавме да им дадеме признание за нивната лојалност и да им се заблагодариме за нивната посветеност, професионаланост и стручност.

Горди сме што во ова динамично време, време на постојани промени, ние може да се пофалиме со лојални вработени.

Наградувањето на колегите нема да застане тука, тоа ќе продолжи како дел од нашето работење и култура. Сакаме да ја потенцираме и да ја  препознаеме секоја активност плус, секој дополнителен вложен труд, како и лојалноста на нашите колеги. Им благодариме на сите колеги за успесите кои зедно ги остваривме низ годините, како и минатата година која за нас беше исклучителна.

Во 2025 влегуваме со нови резолуции, јасна визија, јасни цели и стратегија за остварување на уште подобри резултати како и негување на културата во која секој вработен ќе се чувствува почитуван, препознаен и горд што е дел од тимот на Мотоцентар - компанија со традиција.

Станете дел од тимот на Мотоцентар!

Следете го нивниот профил, аплицирајте на apliciraj@motocentar.com.mk или јавете се на +389 70 289 627

More Mania Sushi & Poke – Вашето омилено место за свежо суши од 2020 година!

Се служи свежо, рачно изработено суши & поке веќе повеќе од 4 години!

Горди сме што сме вашето омилено место за вкусно суши од 2020 година. Секој залак од нашето суши, поке и салати е подготвен со најголема љубов, користејќи само најквалитетни состојки и со целосна посветеност на извонредноста. Без разлика дали сте љубител на класичните ролс, нигири или сакате нешто уникатно и специфично, кај нас секогаш можете да најдете нешто по ваш вкус.

Нашето мени е креирано со цел да ги задоволи сите ваши кулинарски желби. Од свежа риба, префинети сосови, па сѐ до внимателно подготвени зеленчуци, сè што ќе најдете кај нас е со врвен квалитет и совршен баланс на вкусови.

Освен тоа, нашата услуга е брза, професионална и секогаш насочена кон вашата удобност и задоволство. Ви нудиме можност за онлајн нарачки, за да може вашето омилено суши да биде со вас за кратко време, каде и да сте. Или, пак, посетете не во нашиот локал, каде што ќе го доживеете вистинското суши искуство.

Доколку се двоумите што да пробате, нашиот персонал со задоволство ќе ви помогне да го одберете совршениот оброк за вас. Освен тоа, редовно ги надополнуваме и освежуваме нашите рецепти за да ви понудиме нови и возбудливи вкусови.

Ви благодариме за вашата доверба и поддршка низ годините. Вашата љубов кон нашиот труд е она што нѐ инспирира да бидеме сѐ подобри и подобри. Со нетрпение очекуваме да ви служиме уште многу години и да ви понудиме незаборавни гастрономски моменти!

Контакт за нарачки:

076 266 621

Посетете нè денес и дозволете ни да ве изненадиме со свежо, рачно изработено суши и поке – подготвено со љубов! 

 
 

Време за семејството – Family Day со Рептил Маркети

Семејството е она што го прави животот посебен. Рептил маркети го одбележа Денот на семејството, организирајќи незаборавен настан посветен на зајакнување на семејните врски и создавање драгоцени спомени.

Семејството е она што го прави животот посебен.  Рептил маркети го одбележа Денот на семејството, организирајќи незаборавен настан посветен на зајакнување на семејните врски и создавање драгоцени спомени.

Денот на семејството е прекрасна прилика посветена на нашите најблиски и зајакнување на нашите врски. Овој специјален настан е посветен на создавање ценети спомени со нашите најблиски.

Во забрзаниот ритам на секојдневниот живот, важно е да одделиме момент за да ја цениме важноста на семејството. Денот со семејството служи како потсетник да застанеме, размислиме и да ги цениме односите што се најважни. Прилика да ги зајакнеме поврзаностите, да делиме смеа и да градиме спомени кои ќе траат цел живот. Заедно уживавме во добра музика, прекрасна парковска средина, креативни игри за вработените, детски катчиња за најмалите и многу други забавни активности. 

Заедно прославуваме за врските што не прават силни!

Следете го профилот на Рептил Маркети и дознајте повеќе за нивните најнови огласи ТУКА.

„Cvet Bistro Flowers & Kitchen“ – Вашата дестинација за незаборавно гурманско искуство

Добре дојдовте во Cvet Bistro Flowers & Kitchen !!!

Сместен во срцето на Аеродром, нашиот ресторан инспириран од Европа нуди уникатно јадење искуство каде традицијата се среќава со иновациите. Уживајте во извонредното мени направено со најдобрите состојки, комбинирајќи ги класичните рецепти со модерната кулинарска уметност.

Без разлика дали ќе ги вкусите нашите уникатно изработени јадења, истражувате избор на медитерански задоволства или споделувате искуства за нашиот ентериер, секое јадење раскажува приказна за квалитет и страст. Поврзете го вашиот оброк со избор на локални и европски вина за совршено надополнување на вашето искуство.

Придружете ни се во топла и пријатна атмосфера, каде што се спојуваат добрата храна и доброто друштво. Совршени за интимни вечери, деловни ручеци или прослави кои бараат допир на елеганција.

Откријте го вистинскиот вкус на Европа во срцето на Скопје.

Ве очекуваме во Cvet Bistro Flowers & Kitchen

Контакт за резервации: 075 43 90 93

 

Аплицирајте за работа во Cvet Bistro Flowers & Kitchen, отворена е следната работна позиција: ПОМОШНИК ВО КУЈНА / КУВАР

Фондацијата „Трајче Мукаетов"- Скопје додели 40 нови стипендии за учебната 2024/25 година

Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2024/2025година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Фармацевтскиот факултет – Скопје според програмата за работа на Фондацијата за 2024 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-46/1 од 04.12.2024 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2024/2025 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација ја објавува конечната ранг листа на стипендисти студенти по фармација за учебната 2024/2025година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
 
Студенти од трета година на студиска програма за магистер по фармација
 
1. Филип Петров 
2. Татјана Босиланова 
3. Јована Ангелова  
4. Јована Данова 
5. Теодора Беќаровска
6. Александар Василески
7. Матеа Симоноска
 
Студенти од четврта година на студиска програма за магистер по фармација
 
1. Сара Стојчевска 
2. Михајло Николовски 
3. Анастазија Китановска
4. Сара Маневска
5. Сандра Јовевска
6. Јована Петровска
7. Ангела Табаковска
8. Божидар Јованоски
9. Ивана Христовска
10. Матеј Николовски 
11. Марко Талески
12. Ивана Наческа
13. Љубица Николова
 
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по фармација во состав: Проф. Др. Зоран Стерјев – Претседател на комисијата, Проф. Др. Ана Поцева Пановска, Проф. Др. Ѓоше Стефков, Г-ица Тамара Переска, и Г-ѓа Наташа Вучидолова Ристовска – членови на комисијата.
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.
 
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на Правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за студенти на Медицинскиот факултет – Скопје според програмата за работа на Фондацијата за 2024 година и одлуката на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-48/1 од 04.12.2024 година за усвојување на конечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2024/2025 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје врз база на предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина ја објавува:

Kонечната ранг листа на стипендисти студенти по медицина за учебната 2024/2025 година на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје:
 
Студенти од трета година на општа медицина
 
1. Петра Давидоска 
2. Сирма Костовска
3. Иван Богдановски
4. Тања Иванова
5. Павлина Козарева
6. Ана Трифуновска
7. Јана Палиќ
8. Марко Спасовски
9. Панче Ангелов
10. Мила Јованчева
 
Студенти од четврта година на општа медицина
 
1. Ина Тимовска
2. Сара Димеска
3. Јовица Димовски
4. Тамара Коцевска
5. Ана Павлова
6. Кирил Кузманоски
7. Јована Тевдовска
8. Александар Недев
9. Ангела Манчовска
10. Лука Митев
 
Конечната ранг листа на стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје е усвоена од страна на Управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје, по предложената прелиминарна ранг листа од Комисијата за распределба на стипендии за студенти по медицина во состав: Проф. Др. Светозар Антовиќ – Претседател на комисијата, Проф. Др. Јулија Живадиновиќ Богдановскa, Проф. Др. Јасмина Тројачанец, Проф. Др. Игор Николов, Проф. Др. Илија Џонов и Г-ица Надица Танчева – членови на комисијата.
 
Извршната канцеларија на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје ќе ги контактира сите стипендисти за потпишување на Договори за стипендирање.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје подари апарат за слип апнеа СРАР на тринаесетгодишниот Марко Џољевски и ја врати детската и мајчината насмевка!

М КЕШ не остана рамонодушен на судбината на една борбена мајка која со огромна љубов но истоврмено и страв говореше со нас за здравјето на своето дете и тешките предизвици низ кои поминуваат.

М КЕШ како општествено одговорна и хумана компанија, раководена од тим професионалци со висока свест за фактот дека сечие утро може да осамне со искушение за кое не сме ни сонувале, одлучи да помогне на ова семејство, и во пресрет на престојните празници на тринаесет годишниот Марко Џољевски од Скопје му подари Апарат за слип апнеа.

Можеби нашиот гест е капка во океанот, но е помош која за некого значи подобро здравје, поквалитетен живот но и поттик за другите да сторат хумано дело. Секојдневно се соочуваме со суровите судбини на денешницата па секое добро дело има свое значење!

Секое дете заслужува радост!

Затоа денес со големо срце и посветеност, подаривме посебен подарок со желба да внесеме светлина и топлина во неговиот свет!

Дарувањето не е само материјален чин – тоа е чин на љубов, надеж и поддршка!

Веруваме дека секој подвиг колку и да е мал, има моќ да направи големи промени во животот на оние кои се соочуваат со потешкотии!

Воедно овој подвиг нека биде порака до сите Вас дека сеуште постојат оние кои се грижат и не се рамнодушни на туѓите судбини.

Нека оваа убава приказна биде инспирација за сите нас и послужи за подигнување на свеста дека треба да шириме љубов и добрина, да помагаме, подаруваме и подаваме рака, секој ден....

Подари насмевка, дарувај подарок и биди причина за нечија насмевка, подари љубов!

 

Шведската компанија Коордеа го одбележа својот 15-годишен јубилеј со незаборавна свеченост

Коордеа, водечка шведска аутсорсинг компанија со седиште во Стокхолм и канцеларии во Тетово и Скопје на 1 ноември 2024 година ја прослави својата 15-та годишнина со незаборавен настан, на кој беа одбележани достигнувањата и успехот на компанијата. Основана во 2009 година, Коордеа прерасна од специјализиран снабдувач на сметководствени услуги за Нордискиот пазар во компанија што нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи ИТ, маркетинг, дизајн, логистика и продажба.

На свеченоста одржаа говори двајца од основачите, Светозар Серафимовски, кој истовремено е и извршен директор, и Горан Цветановски, кој ја извршува и функцијата на директор за маркетинг и корпоративна комуникација, како и регионалниот генерален менаџер Зоран Илиќ. Тие ги истакнаа најзначајните успеси во изминатите 15 години и ги претставија идните цели и визии за раст и напредок на компанијата. 

На настанот присуствуваа и гости клиенти од Шведска и Финска, кои дојдоа на прославата во чест на долгогодишната соработка со Коордеа.  

Настанот не беше само во чест на успесите, туку и на луѓето кои придонесоа до тоа. Беа доделени признанија и награди за најистакнатите вработени, додека пак долгогодишните вработени беа наградени со статуетки за лојалност во чест на нивната посветеност и придонес кон успехот на компанијата низ годините. 

Свеченоста ја направија уште поспецијална настапите на триото ДЈ Тоше, Игор Сакс и Пате Конга, како и познатиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано, кои ја воодушевија публиката со своите изведби и создадоа незаборавна атмосфера! 

Гостите, покрај уживањето во одличната музика, имаа и привилегија да се почестат со вкусна храна која ги задоволи сите гурмански вкусови. Дополнителна забава донесе и 360 Photo Booth, кој гостите го користеа за интерактивни и динамични видеа, создавајќи спомени кои ќе траат засекогаш. 
 

Со тим од над 120 вработени во земјава и широк спектар на услуги, Коордеа останува посветена на понатамошен раст и унапредување. Компанијата продолжува да нуди врвни аутсорсинг решенија за своите клиенти низ сите Нордиски земји и пошироко, истовремено создавајќи можности за професионален развој и вработување на амбициозни и талентирани луѓе од локалната заедница. 

Дали и ти сакаш да ја градиш својата кариера и да напредуваш на професионално ниво во една ваква докажана интернациинална компанија? Прати го твоето  CV овде и стани и ти дел од Коордеа! 

Најголемите повторно со ново ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА

Компанијата „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ во Битола официјално објавипокачување на платите на своите вработени, како дел од континуираните напори заподобрување на работните услови. Ова е дел од стратегијата на компанијата запривлекување и задржување на квалификуван кадар, како и за создавање стабилна имотивирачка работна средина.

Со новото зголемување на платите „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ покажаа висока свесност за важноста на економската сигурност на своите вработени, кои се клучен фактор во производниот процес. Компанијата ја препознава важноста на инвестицијата во човечкиот капитал како предуслов за одржлив раст и развој, при што се фокусира на обезбедување подобри услови за работа, со што истовремено ги поттикнува продуктивноста и задоволството на вработените.

Со ова покачување „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“  испраќа силна порака за својата решеност да биде лидер не само во индустриското производство, туку и во однос на општествената одговорност и грижата за вработените. Компанијата е свесна дека задоволството на вработените е основен предуслов за постигнување на висококвалитетни производствени резултати.

„Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ редовно ги следи економските трендови и инфлациските движења, прилагодувајќи ги платите на вработените за да обезбеди соодветен животен стандард. Со ваквите иницијативи, компанијата не само што ги задоволува потребите на своите вработени, туку и придонесува кон подигнување на економскиот стандард во пошироката заедница.

Покрај покачувањето на платите, „Кромберг & Шуберт Mакедонија Бт ДООЕЛ“ во Битола воведува и дополнителни програми за професионален развој и унапредување на вештините на вработените, со што се стреми да ги подготви за новите предизвици во индустријата. Оваа иницијатива е само еден дел од посветеноста на компанијата да биде пример за успешен индустриски капацитет кој постојано вложува во својот највреден ресурс – луѓето.

Согласно долгорочните цели за развој, компанијата најавува дека ќе продолжи со имплементација на проекти за подобрување на условите за работа и зголемување на задоволството на своите вработени, при што покачувањето на платите ќе биде само една од мерките во насока на остварување на таа визија.

 

Новата генерација на A1 WayUp ја започнаа својата кариера во А1 Македонија

А1 Македонија четврта година по ред ги отвори вратите за младите таленти за да се стекнат со практично знаење и да добијат можност својата кариера да ја градат во рамките на компанијата и Групацијата А1.

Оваа година, 8 практиканти својата кариера ќе ја градат во една од следниве области во дигиталниот свет: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг.  

„Горди сме на големиот број апликации што ги добивме и оваа година за програмата. Тоа е доказ дека младите во А1 препознаваат напредна, модерна и стручна работна средина каде што можат да научат, да се градат во специјализирани области и секако да напредуваат во своите кариери. Се радуваме на новата генерација што ја очекуваат многу обуки и дигитални вештини за усовршување на веќе стекнатото знаење од факултетите од кои доаѓаат“, изјави Стефан Јовановски, директор за човечки ресурси и култура на А1 Македонија. 

A1 WayUp е препознатлива програма, која нуди одлична можност за младите да почнат да го градат својот кариерен пат преку практично искуство и работа на реални проекти. Практикантите во А1 ќе имаат целосна поддршка од менторите и од тимовите, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки и ресурси за стекнување нови вештини и усовршување на постојните, обезбедувајќи континуиран раст и подготвеност за идните предизвици. 

A1 Way Up е платена програма за практиканти и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата. Избраните учесници, ги добиваат истите бенефити во поглед на учење, развој и погодности како и секој вработен на А1, а со тоа компанијата ја внесува добропознатата корпоративна култура на флексибилност, агилност, тимска работа и неограничени можности за учење и развој. 

  

Оваа германска компанија нуди одлични плати, бонус за добредојде и можност за работа од дома

Дали зборувате германски и барате врвна кариера од дома? Не ја пропуштајте оваа единствена можност да се придружите на глобалниот лидер познат по извонредните работни услови. Teleperformance ви нуди ексклузивна можност да ја подигнете вашата кариера на повисоко ниво работејќи од удобноста на вашиот дом.

Дали зборувате германски и барате врвна кариера од дома? Не ја пропуштајте оваа единствена можност да се придружите на глобалниот лидер познат по извонредните работни услови. Teleperformance ви нуди ексклузивна можност да ја подигнете вашата кариера на повисоко ниво работејќи од удобноста на вашиот дом.

Зошто да го изберете Teleperformance?

Конкурентни плати и бенефиции

Teleperformance се истакнува со своите конкурентни плати и бенефиции. Вработените можат да започнат да заработуваат одлична плата во динамична и поддржувачка работна средина која го препознава и наградува напорниот труд.

Раст и развој на кариерата

Професионалниот развој е основна вредност во Teleperformance.

Вработените имаат пристап до:

  • Континуирани програми за обука и усовршување
  • Можности за унапредување во кариерата во рамките на компанијата
  • Менторство од искусни професионалци
  • Мрежа на колеги кои пружаат поддршка

Флексибилност за работа од далечина

Teleperformance го прифаќа трендот на работа од далечина, овозможувајќи им на вработените да бидат дел од глобална корпорација од каде било во државата. Ова нуди одлични можности за работа од далечина во индустријата за корисничка поддршка, исполнувајќи ја сè поголемата побарувачка за работни места од дома во Македонија.

Што нуди Teleperformance?

Силен систем на поддршка

Teleperformance обезбедува сигурно вработување, неопходна опрема за работа од дома, како и севкупно воведување во работата и континуирана поддршка од супервизори и тренери.

Можности за напредување

Внатрешниот систем за промоција „Jump“ ги охрабрува вработените да аплицираат за повисоки позиции, како тренери или супервизори, поттикнувајќи го развојот на кариерата во рамките на компанијата.

Призната извонредност на работното место

Teleperformance е препознаен меѓу 25-те најдобри работодавци на глобално ниво според критериумите на Great Place To Work. Ова го одразува задоволството и мотивацијата на вработените кои се клучни за успехот на компанијата. Среќните вработени водат до среќни клиенти.

Кој е идеален кандидат за вработување во Teleperformance?

Teleperformance бара кандидати кои течно зборуваат германски (минимално ниво Б2), поседуваат силни комуникациски вештини, имаат ориентиран на купувачи пристап и уживаат во работа во тим. Претходното искуство во оваа област не е потребно, бидејќи се обезбедува професионално усовршување.

Заинтересирани сте да се придружите на Teleperformance? Аплицирајте преку нивната веб-страница http://www.TPSkopje.com и започнете нова и возбудлива професионална авантура!

Кромберг & Шуберт: Најубавата глетка на светот е насмеано дете, а најскапоцениот звук што може да се слушне е детската смеа

На 28.09.2024 година компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ организираше уникатен настан - „Детски Крошу Фестивал”, во склоп на фабриката, само за децата на своите вработени.

Целта на настанот беше на забавен и креативен начин да се запознаат децата со производниот процес и со фабриката каде што работат нивните родители.

За денот да им биде незаборавен, компанијата ги покани популарните „Светот на Биби и Боби“ заедно со „Тин Камп”, кои предизвикаа неизмерна среќа и искрени насмевки кај секое дете.

Сите присутни гласно пееја, играа, се дружеа, цртаа и се вратија во најубавите години од животот.

За забавата да добие целосен "шмек" беа задолжени нивните соработниците „Де Ниро” Кетеринг кои ги припремија највкусните закуски и пијалоци за најмалите и „Миг Травел” за навремениот и безбеден транспорт на сите дечиња.

Како вистински домаќини, подготвија подарок за секое дете, им посакаа среќен почеток на новата учебна година и ги посоветуваа да останат деца секогаш во срцата бидејќи само на тој начин ќе продолжат да ги гледаат убавините околу нас.

Бидејќи децата се нишките со кои ја чуваме иднината, од компанијата изјавија дека сакаат да ги научат идните генерации на најважните животни вредности како што се: да се однесуваат со внимание и почит спрема секого, дека треба да го кажат своето мислење, но и да го почитуваат мислењето на своето другарче и се обидуваат да ги мотивираат да ги остварат своите соништа.

Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ нѐ советува да се однесуваме со внимание и почит спрема децата бидејќи тие се компасот коj ја покажува заедничката иднина.

Компанијата Зегин го отвори својот тренинг центар за обука на вработените

Зегин во рамки на компанијата го отвори својот Тренинг центар за обука на вработените со цел да се подобрат перформансите на вработените, зголеми продуктивноста, како и за полесно и побрзо интегрирање на нововработените .

Тренинг центарот обезбедува структурирана средина каде што вработените можат континуирано да ги развиваат своите вештини и да бидат во тек  со најновите трендови и технологии во индустријата. Ова не само што ја подобрува индивидуалната работа, туку ја одржува и компанијата конкурентна.

Нудењето можности за професионален развој им покажува на вработените дека компанијата го цени нивниот раст. Вработените кои се чувствуваат поддржани во развојот на кариерата имаат поголема веројатност да останат лојални на компанијата.

Со тренинг центарот овозможуваме стандардизиран процес на прием, обезбедувајќи за сите нови вработувања да се соодветно запознаени со културата, вредностите и специфичните барања за работа на компанијата.

Редовната обука и развој им помага на вработените поефикасно да ги извршуваат своите улоги. Вработените стануваат покомпетентни, поефикасни и посигурни во своите улоги, што директно влијае на перформансите на компанијата и задоволството на клиентите.

Добро обучените вработени работат поефикасно и прават помалку грешки. Постојаната обука ги охрабрува вработените да размислуваат креативно и да предложуваат нови идеи. Оваа средина поттикнува иновации кои можат да доведат до нови производи, услуги или подобрувања на процесите.

Се радуваме на новите колеги кои ќе учествуваат во унапредување на квалитетот на животот на сите наши клиенти а воедно се заблaгoдаруваме на сите останати вработени кои тоа го прават секојдневно.

Договор за партнерство помеѓу Нелт СТ и УНИЦЕФ

На 06.09 во Скопје, со потпишување на договорот за партнерство и официјално беше означен почетокот на соработката помеѓу компанијата Нелт и УНИЦЕФ на пазарот на Северна Македонија. Иницијативата ќе биде насочена кон подобрување на вештините на учениците од стручното образование преку практична настава, со фокус на развој на зелени вештини и нивна соодветна подготовка за пазарот на трудот.

На собирот по повод потпишувањето на договорот, до медиумите се обратија Сашко Блажевски, извршен директор на Нелт во Северна Македонија, Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ, како и државните претставници Изет Меџити,  заменик премиер и министер за животна средина и просторно планирање и Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Партнерството има за цел над 500 ученици од стручното образование, кои се подготвуваат за кариери во природните науки, одржливоста, заштита на животната средина и ублажување на климатските промени, да се стекнат со практични знаења преку работа во јавни и приватни компании низ земјата. Исто така, се очекува дека 8.100 ученици ќе развијат зелени вештини поврзани со заштита на животната средина, зачувување на природата и климатските промени кои практично ќе ги применат во своите идни професии.

„Во Нелт Група сме посветени на интегрирање на ESG принципите на одржливост во сите аспекти на нашето работење. Преку дигитализација, инвестиции во обновливи извори на енергија и континуирана обука на вработените, активно придонесуваме кон одржливоста. Преку партнерството со УНИЦЕФ во Северна Македонија, им нудиме на младите можност да стекнат и дигитални и зелени вештини, кои се клучни за нивната конкурентност на пазарот на труд, но и за одржлива иднина. Свесни за предизвиците кои ги носат климатските промени, посветено работиме на намалување на негативното влијание на животната средина и околината. Со инвестиција од 330.000 американски долари во текот на три години, ќе ги зајакнеме младите преку практична обука во училиштата соодветно да се подготват за еколошките предизвици и климатските промени кои се наша реалност,“ изјави Сашко.

Имајќи предвид дека глобалната транзиција кон одржлива економија, со ниски емисии на јаглерод диоксид, ги трансформира занимањата, важно е учениците да стекнат стручни и широко применливи зелени вештини за да ги задоволат новите барања на пазарот на трудот. Изет Меџити, Весна Јаневска и Лесли Милер во своите обраќања истакнаа дека компаниите играат клучна улога во изградбата и отпорноста на заедниците. Со инвестирање во образованието и развојот на вештините на децата, компаниите не само што придонесуваат за општествената благосостојба, туку и обезбедуваат свој долгорочен успех во сè повеќе конкурентната и динамична глобална економија. 

Глобалното партнерство помеѓу Нелт Група и УНИЦЕФ ќе биде фокусирано на зајакнување на образовните системи во Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Ангола – некои од пазарите на кои работи  Нелт Група.

Наградени Најдобри вработени во Рептил маркети

Успешни вработени - успешна компанија. Запознајте го тимот на најдобрите вработени од категорија Продавач во големото семејство Рептил. Заедно се радуваме и гордееме на нивните успеси.

Патот до успехот е поплочен со искрена радост, триумф и слава. Наша компанија расте заедно со растот на нашите вработени. Во време на постојани промени и висока конкурентност, одржувањето на позитивниот став кон работата на нашите вработени е голем предизвик.  

Голема благодарност до целото наше Рептил семејство, вашата посветеност во работата и лојалност се клучни за нашиот успех.

Избор на најдобри вработени е проект кој што трае над 10 години. Најдобрите вработени се наградени со вредносни ваучери во вредност од 30% од плата.

Честитки за сите наградени, вашите достигнувања се пример за успешност и посветеност.

 

„Оваа позиција е за секој што сака да биде дел од магацинското работење и што сака динамична работа во пријатна работна средина“ – Интервју со Билјана, магационер во Нелт

Покрај бенефитите за нас во магацин, за сите вработени компанијата има процес на наградување за особен придонес, дава ваучери за Нова година, бонуси, новогодишни пакетчиња за дечињата на вработените, како и пакетчиња за првачиња и слободен ден за родителите. Има награди за јубилантите, награди за нај колеги, награди за препорачани кандидати, надомест за стапување во брак и принова и поволности за купување на рати.

Нелт СТ е дел од Нелт Група, организациски систем со над 5.500 вработени, во 18 компании на 12 пазари во Европа - Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Косово и во Африка – Ангола, Замбија, Мозамбик, Малави и Зимбабве.

По 25 години развој и посветеност, денес Нелт СТ е синоним за успешен бизнис систем во кој работат повеќе од 300 вработени.

За тоа како е да се биде дел од оваа компанија можете да прочитате во интервјуто со Билјана Јанковска, магационер во Нелт.

1.Како изгледа еден работен ден на магационер во Нелт?

- Работиме во две смени и секоја смена ни започнува со состанок на кој водичите на смена нè распоредуваат во кој магацин ќе работиме и ги добиваме рутите кои треба да ги спремиме тој ден. По краток разговор со колегите и кафе започнуваме со работа. Секој си ги работи своите рути, односно ја подготвуваме нарачаната роба која треба да се достави до нашите коминтенти. Како завршуваме со една нарачка, ја обележуваме робата за да можат доставувачите да се снајдат и продолжуваме со следната. Работиме со WMS GOLD (warehouse management system), систем кој ни овозможува следење на сите артикли во систем и нивните локации, додека за полесно спремање на робата, нарачката ја слушаме преку слушалки. На овој начин сме попродуктивни, имајќи ги слободни двете раце за подготовка на нарачките. Покрај спремањето нарачки, ги следиме и роковите на производите кои се во магацин и водиме извештај. Имаме број на линии кои треба да ги поминеме во текот на денот, а со посветеност успевам и да го надминам тој број.

2.Кои се вештините кои мора да ги поседува еден кандидат за оваа позиција?

- Кандидатите треба да имаат само желба за работа, затоа што многу лесно се учат артиклите, нивните локации, системите и начинот на подготовка на робата. Секогаш кога имаме нов колега, му помагаме да се снајде во магацините, но по само 1 недела може да почне самостојно да работи. За да биде некој успешен во оваа работа, треба да стекне брзина за спремање, да биде секогаш сконцентриран на работата и да ја реди робата на начин што ќе им овозможи на доставувачите да ја пренесат без тешкотии и оштетување. Нелт е корпорација каде што сите процеси се поврзани, па доколку една алка недостасува или не ја заврши правилно работата, ќе има влијание на целиот ланец.

3.После колку време се напредува од оваа позиција и што е следно?

- Јас сум дел од Нелт повеќе од 10 години. Започнав како декларант во одделението за лепење декларации, но за брзо време почнаа да ме ангажираат во магацин за помош. Им покажав на претпоставените дека можам да се снајдам во магацинското работење и да спремам роба и ме унапредија на позиција магационер. Во компанијата постојат фази на развој преку кои напредуваме како во нашиот развој, така и со платата. Постојат структури во сектор логистика, па за сите кои вредно работат, се посветени и го истакнуваат својот победнички менталитет, има простор за развој на повисоки позиции и градење кариера.

4.Какви сè бенефиции добиваат вработените на оваа позиција?

- Покрај редовната плата, вработените во магацин се наградуваат и по модел на продуктивност. Овој модел го следи нашето секојдневно работење, ги мери линиите кои ги правиме во текот на денот, дали имаме грешки и на крај на секој месец сме рангирани по нашите остварување и заработуваме дополнителен бонус. Дополнително, следуваат и награди на квартално ниво за најдобрите двајца магационери. Наградите се во вид на ваучери за пазарење од различни објекти. На овој начин се сме мотивирани за работа, се следи работата на сите вработени во магацин, резултатите се јавни и транспарентни, што ни овозможува здрав натпревар меѓу колегите, но морам да истакнам и дека доколку некој колега има потешкотии, тука сме секогаш да помогнеме за и тој да ја оствари целта.

Покрај бенефитите за нас во магацин, за сите вработени компанијата има процес на наградување за особен придонес, дава ваучери за Нова година, бонуси, новогодишни пакетчиња за дечињата на вработените, како и пакетчиња за првачиња и слободен ден за родителите. Има награди за јубилантите, награди за нај колеги, награди за препорачани кандидати, надомест за стапување во брак и принова и поволности за купување на рати.

5.За кого е оваа позиција?

- Оваа позиција е за секој што сака да биде дел од магацинското работење и што сака динамична работа во пријатна работна средина. По толку години искуство, можам и мижејќи да се снајдам во магацин и да ги подготвам нарачките.

6.Зошто е добро да се биде магационер токму во Нелт?

- Затоа што има одлични услови за работа, можност за напредок, пријатна работна атмосфера и тимска работа. Голем дел од денот поминуваме на работното место, па многу е важна таа тимска работа и тоа што сме тука едни за други.

Станете дел од НЕЛТ СТ!

Клик! Бум! Трас! Една година постоење во Македонија прослави Ананас!

Интервју со Денис Ампов

Што велат статистиките колку пораснавте од почетокот до денес?

Продажбата на Ананас на македонскиот пазар од почетокот на нашето присуство порасна значително. Веднаш откако се лансиравме на пазарот, забележавме зголемен интерес и популарност меѓу потрошувачите. Преку активни маркетинг кампањи, стратегии за промовирање и соработка со сериозни и најпрестижни дистрибутери, успеавме да го зголемиме нашиот пазарен удел и да го утврдиме и збогатиме брендот на Ананас како препознатлив и омилен меѓу македонските потрошувачи! Генерално веќе забележуваме троцифрени проценти на раст - заклучува Ампов, но веднаш се надоврзува на почетните предизвици па вели:

Почетниот период на влегување на нов пазар вклучува многу предизвици, вклучително изградба на свесност и доверба меѓу потрошувачите, осигурување на дистрибуциска мрежа и конкурирање со веќе етаблирани брендови. Резултатите се доказ дека успешно се справувавме со овие предизвици преку стратегија за диференцирање на производите и услугите, фокус на квалитет и иновации, иновативни стратегии и посветеност кон квалитетот и клиентското искуство, како и активно ангажирање со локалната заедница и бизнис партнерите. Во моментов ниту една од земјите во западен Балкан не може да се пофали со целосно изградена инфраструктура за онлајн продажба, но ние овде имаме многу предизвици за кои се надеваме дека ситу вклучени институции ќе стават приоритет за изградба на еден еко систем кои може да донесе бенефит за сите онлајн трговци.  

Колку беше тешко или лесно да се изгради тим на соработничка мрежа, колку компаниите веруваа на новиот бренд кој прв пат влегува на македонскиот пазар?

Беше вистински предизвик да се гради и развива тимот на соработници. Компаниите покажаа дека се навистина бизнис ориентирани и отворени за нови хоризонти во насока на задоволни крајни купувачи. Благодарни сме за што од самиот почеток го препознаа нашиот потенцијал, ни ја препишаа нивната доверба и одлучија да соработуваат со нас. Сите наши соработници се поеднакво заслужни за нашиот достиг и ова што сме денес. Во моментов Ананас платформата има повеќе од 400 партнери.

Анализата на пазарот е клучна за правилно пласирање на било кој бренд

Со оглед на тоа што Ананас веќе е етаблиран бренд во Србија, можете ли да направите споредба во однос на тоа што ни е исто а што никако не може да се имплементира на Македонскиот пазар?

Ананас е веќе добро познат и успешен водечки бренд во Србија, но секој пазар има свои специфичности и потреби. Ние го прилагодивме нашиот пристап, вклучувајќи локално познавање и анализа на пазарот, што резултираше во успешно внесување на иновации и производи кои го задоволуваат македонскиот стил на живот и потреби. Не би кажал дека постои нешто што не може да се имплементира, само можеби има процеси за кои е потребно повеќе време и труд. Но верувам дека сите заедно овде можеме да постигнеме многу, бидејќи ова е иднината - а во истата треба да инвестираме.

За Македонските прашања:

Ако треба на скала од 1-10 да ја ставите свесноста на Македонците за купување онлајн која би била оцената?

Тешко е да се даде ваков одговор, бидејќи најпрвин свесноста што е онлајн продажба кај нас е погрешна од корен. Не регулирани трговци кои продават преку профили на социјланите мрежи и продаваат производи преку порака на истите мрежи, не може да се дефинира како онлајн продажба. Тоа е класична продажба човек на човек, само каналот на комуникација е дигитален и онлајн. Мислам дека со доаѓањето на Ананас и сите активности, им преставивме на сите корисници што значи платформа и онлајн продажба. Работиме секојдневно на едукацијата за купување и можам само а заклучам дека прогресот е голем.

Ананас има една политика на постојано давање повеќе на купувачите, со ваучери, со попусти, со поволности и слично...Зошто ја одбираат ова стратегија 

Довербата на нашите купувачи ни е исклучително важна. Затоа, се обидуваме да ја оправдаме и на неконвенционални начини кои кај нас за прв пат се случуваат. Покрај тоа, убедени сме дека постојаното давање повеќе, преку ваучери, попусти и поволности, ќе помогне да креираме и одржиме лојалност на нашите купувачи. Овој пристап не само што го поттикнува купувањето и ја зголемува сатисфакцијата, туку и не разликува од конкурентите, преку нудење дополнителна вредност за поголемо задоволство на купувачите.

7. Што ве разликува вас од останатите онлајн продавници?

Хм... од каде да почнам, во моментов ние сме единствената маркетплејес платформа во македонија во правилна смисла на зборот, каде можете да видите избор на повеќе од 120.000 производи на едно место, 400 трговци кои се истакнати со нивното име под производите. Едноставно ние сме навистина онлајн шопинг мол. Најсофицитицирани системи за безбедносно плаќање, лосно и едноставно враќање на роба и брза достава.

За тимот и генерациите...

Што вели Ампов, има ли во Ананас.мк хиерархија и авторитети или просекот од 30 години прави да се работи повеќе другаркско-тимски отколку колегијално-професионално?

- Желбата, мотивацијата и професионалнсота се главен критериум за да се биде дел од тимот на Ананас, а годините се само бројка! Тимот кој работи во Ананас е група на ентузијастични и вредни лица со стремеж за револуционарни промени во овој дигитален свет – тие се темелот на нашиот успех. Младите луѓе донесуваат свеж пристап, креативност и ентузијазам, што ги стимулира да размислуваат напред и да се адаптираат на брзо менливите услови на пазарот. Често сакам да истакнам дека во Ананас динамиката е голема и овде сите вработени доживуваат огромен раст на професионален раст, затоа што тоа што се случува во традиционалниот бизнис за 30 дена, овде се случува да е во 2/3 дена. Сите луѓе кои имаат драјв од резултати и сакаат да дадам максимум на работно место, Ананас е местото за нив. Имаме една изјава која е наше мото ТЕШКО, А ЈАКО - заклучува Ампов и додава:

- Нашата култура на работа е базирана на взаемно почитување и стимулирање на иновацијата,креативноста и тимската работа. Го почитуваме лидерството, но и креираме пријателски и отворен однос меѓу соработниците!  Сепак ние сме старт ап и често сите знаеме да правиме се, да работиме оперативни работи, да носиме стратегија заедно и да се дружиме заедно.

Нешто лично:

Како млад менаџер колку лично „пораснавте“ во изминатава година и што ќе понесете како поука од овие 365 дена на Ананас во Мекедонија?

Ова е една од најдобрите одлуки што сум ги донесол во мојата кариера, прифажањето на овој предизвик навистина беше многу возбудлив за мене, но искрено немав ни 10% од сликата колку можам да порасанам во оваа работна средина. Ако треба преку бројки да квантифицирам тоа би било дека сум бил на скала 2, а сега на 8.

За идните планови:

- По прославување на нашиот прв роденден, целта на Ананас е да продолжи со непрекинат раст и развој, да го зголеми пазарниот дел и да нуди нови и иновативни продукти и услуги на македонските потрошувачи. Ние сме амбициозни да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти и да продолжиме да го надградуваме нашиот бренд! Имаме многу иновции до крајот на годината, но постепено ќе ги информираме купувачите.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje