![Очилата за сонце имаат ДАТУМ НА ТРАЕЊЕ! Ако ги носите ПОДОЛГО ОД ОВА, ќе го загрозите вашето здравје](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/ac/3faa4cca-resize-820x0x100.jpg)
Научниците од бразилскиот универзитет во Сао Паоло откриле дека очилата за сонце имаат свој рок на траење.
Имено, во истражувањето на нивната веб-страница се вели дека леќите, односно очилата, ја губат својата оригинална заштита од УВ зраците и повеќе не можат да ги заштитат очите, поради што не е пожелно да се носи ист пар со години.
Додека носите очила за сонце, сончевите зраци постепено го оштетуваат стаклото додека УВ-заштитата не исчезне целосно. Според истражувањето, ова се случува по само две години, што е просечна издржливост на заштитата од сонце за еден пар очила.
Затоа треба да ги менувате очилата на секои две години, а доколку имате некои скапи или особено драги очила, не мора целосно да се ослободите од нив, можете да ги замените само стаклата.