![УХМР со предупредување, ќе има силен ветар!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/ff/86036aff-resize-820x0x100.jpg)
Поради продор на постудена воздушна маса од север, денес и утре ќе биде и ветровито со засилен западен до северозападен ветер најизразен во југозападниот дел од земјата.
Во петок ветерот биде северен и особено долж поширокото Повардарие ќе има силен интензитет (и над 70 км/час).
Дневните температури денес и утре ќе се пониски за 4 до 7 степени, а значително посвежо ќе биде и во утринските часови утре и во сабота.
Повремен дожд со слаб до умерен интензитет во поголемиот дел од земјата освен на југот ќе има до утре претпладне.
УХМР