
Деновиве на социјалните мрежи кружи фотографија на која може да се види дека во Охрид наводно е воведена и нова услуга која од сега ќе се наплаќа односно полнење на телефон за кое според сумата издадена на сметка чинело 200 денари.
Секако, ова е многу чудна фотографија за која имаше бројни реакции, а истата е споделена на Инстаграм
Она што граѓаните го коментираат е дека охриѓани претеруваат со сумите и прават споредба со она што го нуди Турција на море.
– Во Охрид плативме 50 евра за да се возиме со брод два часа. Во Турција плативме 35 евра а се возевме цели 8 часа на пет различни локации кои се доста популарни и интересни за туристите.
Ако вака продолжиме нема да ни треба ниту УНЕСКО, ниту нишго. Самите ќе си го згаснеме сјајот на Охрид и езерото, додаваат граѓаните.