Возилата со полициска придружба, видливо означените возила на АРМ, полицијата, итната медицинска помош, возила на лица заболени од мултиплекс склероза и церебрална парализа се само дел од оние што се ослободени од плаќање патарина.
Ова е пропишано со Законот за јавните патишта на Република Македонија, во кој се наведува дека од плаќање патарина за време на служба се ослободуваат возила со полициска придружба, видливо означени возила на Армијата на Република Македонија, полицијата, Царинската управа, Агенцијата, итната медицинска помош, Црвениот крст на Република Македонија, противпожарните служби, Државниот инспекторат за транспорт, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат“ - Скопје и погребалните возила.
Освен нив, со членот 66 од истиот закон е пропишано дека од плаќање патарина се ослободени и возила на лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиското и инвалидско осигурување на Македонија
За да го користат ова право, лицата треба да поседуваат членски книшки издадени од здруженијата, односно сојузите во кои членуваат, кои заедно со документацијата за болеста согласно наведеното во законот и копија од сообраќајната дозвола од возилото што се користи преку нивните здруженија, односно сојузи, барањата се доставуваат до Јавното претпријатие за државни патишта. Потоа документацијата се проверува и доколку сѐ е во ред, Јавното претпријатие за државни патишта ја потпишува и заверува книшката, со што се потврдува правото на ослободување од плаќање на патарина и писмено се известуваат здруженијата, односно сојузите за тоа.
Кога некое лице ослободено од плаќање патарина минува низ наплатна станица, треба да ја даде на увид и членската книшка во која е запишана регистарската табличка од возилото што се ослободува.
извор: fakulteti.mk
Кои лица се ослободени од плаќање патарина?
Aktualno
-
Истражување предупредува на ризик од екстремно високи температури за фудбалерите на СП2026
Фудбалерите кои ќе играат на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико би можеле да се соочат со сериозни здравствени ризици од екстремните горештини, покажува новата студија објавена во списанието Scientific Reports.
-
Најголемиот електричен авион ќе полета следната година
Шведската воздухопловна компанија има намера следната година да го тестира најголемиот електричен авион во светот, кој ќе даде голем придонес за одржливиот воздушен сообраќај.
-
Како градот Хамбург стана инспирација за „хамбургерите“? Приказната за потеклото на едно од најпознатите јадења во светот
Хамбургер – универзално препознатливо јадење, симбол на брзата храна и светски познат вкус. Но, дали некогаш сте размислувале за врската помеѓу хамбургерот и германскиот град Хамбург? Оваа фасцинантна приказна нè води низ историјата, преку океанот, од германското пристаниште до градот Сент Луис и американската трпеза.
-
Осигурај го домот за нула денари! „Флекс Брокер“, нов сериозен играч на осигурителниот пазар
Почнува со работа „Флекс брокер“, осигурително брокерско друштво кое на пазарот ќе понуди конкурентни пакети за осигурување.
-
Во првите десет месеци од годинава, увезени се трипати повеќе половни возила во споредба со нови
Во текот на целата оваа година повеќе се купувале нови патнички автомобили, наспроти во претходната 2023 година.
-
Ноќна жештина на крајот на ноември во Франција: Измеренa температурa од 27 степени Целзиусови
Невообичаено високи температури се забележани на крајот на ноември на југозападот на Франција, а во ноќта меѓу вторник и среда биле регистрирани дури 26,9 степени Целзиусови, јавија денеска француските медиуми.