
Мерките за штедење на електрична енергија, како и препораките стапуваат на сила од денеска 1 септември. Планот е потрошувачката треба да се намали 15 отсто.
Бидејќи пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и според владата сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување.
Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат.
Слични се и препораките за бизнис секторот – исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, користење дневна светлина за внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога за тоа има можност, ладење на производни објекти, хали и канцеларии со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени.
Целиот текст на: vecer.mk