![Кои се највредните луксузни брендови во 2022 година?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/13/820c7731-resize-820x0x100.jpg)
Индустријата за луксузни производи, која освен облека и обувки, вклучува козметика, мириси, часовници, накит и чанти, расте од година во година.
Објавена е листата на највредните луксузни брендови во 2022. Според статистиката, водечки луксузен бренд е Louis Vuitton, вреден 124 милијарди долари. Следат Hermes, Chanel, Gucci и Dior, а на листата се и Rolex, Saint Laurent, Tiffany & Co. и Prada.
Индустријата за луксузни производи, која освен облека и обувки, вклучува козметика, мириси, часовници, накит и чанти, расте од година во година. Производителите на луксузни производи се фокусираат на брендирањето, естетиката, квалитетните материјали, супериорната изработка и цените за да ги претворат секојдневните предмети во статусни симболи, пишува Statista.com. Побарувачката расте во време на економска стабилност и опаѓа во неповолни економски клими.