
Земјава се соочува со недостиг на одредени профили на здравствени работници. Најмногу недостигаат медицински сестри, општи лекари и лекари специјалисти. Причините за недостигот се заминување во странство за повисоки плати и подобри услови за работа, како и заминување во пензија.
Можеби ќе ве интересира: Недостигаат работници во Куманово, ќе се бараат и од Филипините
Германија и Италија се меѓу најатрактивните земји за работа на нашиот медицински кадар. Според доктори и лица добро упатени со состојбата во здравството кај нас, токму овие две држави имаат најпримамливи работни услови за нашите лекари и медицински сестри.
Во поглед на тоа во кои земји најчесто заминуваат здравствените работници, наведуваат дека конкретно медицинските сестри најчесто заминуваат во Германија, Швајцарија и Италија, а во последно време и во Хрватска.
Извор: biznisvesti.mk