
Од денес почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие "Градски Паркинг" – Скопје.
Работното време во зоните А,Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 07:00 до 21:00 часот, а во сабота од 07:00 до 14:00 часот. Во зоната Д работното време останува исто, односно од понеделник до сабота од 07:00 до 23:00 часот.
Неделите и државните празници остануваат бесплатни до текот на целиот ден.