![Медицински сестри од Македонија ќе си ја бараат среќата во Германија](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a5/58a9855a-resize-820x0x100.jpg)
Дури 34 медицински сестри со завршена Висока медицинска школа во Битола минатата година побарале да им се преведат наставните планови и програми по кои студирале за да можат да се вработат во странство, а најмногу од нив ќе си ја бараат среќата во Германија.
Меѓу медицинските сестри имало и такви кои дипломирале пред 15 години, а дел од нив не успеале да пронајдат вработување во Македонија.
Би можело да ве интересира: Нова авиолинија од Скопје: До Франкфурт за 2,5 часа со почетна цена на билет од 169 евра
Дипломите од Високата медицинска школа се меѓународно признаени, па така нема потреба од нивна нострификација, а тоа ја олеснува процедурата за вработување во Германија.