
Новата градска власт на Подгорица затекна изненадувачка ситуација – едно лице 10 години било вработено во службата на поранешниот градоначалник, редовно примало плата, но не доаѓало на работа.
Ова за подгоричките медиуми го откри заменик-градоначалникот на Подгорица, Данило Шарановиќ.
„Никој не знае кој е тој човек, но знаат за тој проблем“, рече тој.
Потенцира дека филозофијата да се зема плата, а таа да не се заработува е нешто што е проблем за голем број вработени во градската администрација.
Извор: kajgana.com