Дроновите се поприсутни на работните места и го менуваат начинот на кој се извршуваат работите, а исто така им овозможуваат на компаниите да штедат време, да ја зголемат безбедноста и да ги намалат трошоците. Новата идеја е да ги заменат луѓето што мијат прозорци на високи објекти.
Компанијата „Аеронес“ од Летонија произведе огромен дрон за миење прозорци, а негова задача е да ги замени луѓето во чистењето прозорци на високи објекти.
Компанијата „Аеронес“ првпат стана позната во 2017 година кога го искористи своето летало за спасување, а сега тврди дека нејзиниот дрон за миење прозорци може да работи 20 пати побрзо во споредба со традиционалните методи, а притоа работата е многу побезбедна.
Леталото е широко три метри, има 12 пропелери и е опремено со црева, сунѓери и камери. Со него далечински управува човек, кој го следи процесот на миење.
Дронот се напојува со помош на кабел, поврзан со батерија на земјата, а вода преку црева доаѓа од резервоар, кој исто така се наоѓа на земјата. Моменталниот дизајн му овозможува на дронот да достигне височина од 350 метри, но со натамошен развој таа височина може да се зголеми.
„Аеронес“ осмисли и сопствен стабилизациски систем за да може дронот да се носи со лошите временски услови.
Во случај дронот да доживее катастрофален дефект при летот, леталото кое е тешко 55 килограми нема да падне врз никого бидејќи со кабел е зацврстен за врвот на зградата.
Компанијата размислува и да им помогне на пожарникарите со поинаква верзија на дрон, а третата верзија, која е претставена претходно оваа година, може да се користи за проверка и чистење на големи ветерници.
извор: факултети.мк
Дронови ќе ги заменат перачите на прозорци
Aktualno
-
Зајакнете го вашиот Employer Branding со престижната награда за најдобра регионална HR пракса
Отворени се пријавите за избор на Најдобри регионални HR пракси - ценето признание за проект со кој сте го подобриле квалитетот на работата, задоволството на вработените и деловните резултати!
-
Солунското метро започнува со работа по 18 години
По 18 години планирање и изградба, Солунското метро, првото метро во северна Грција, конечно започнува со работа.
-
РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвора во четири земји, но не во Македонија
Американската компанија Hyatt Hotels Corporation најави дека до 2027 година ќе отвори пет нови хотели и одморалишта Hyatt Regency во Романија, Албанија, Србија и Хрватска.
-
Скопје и утрово на листата на најзагадени градови во светот
Според последните мерења на квалитетот на воздухот во Скопје, рангиран е на петтото место на листата за најзагадени градови во светот. На првата позиција како најзагаден град изби Сараево, додека на деветото место е Приштина.
-
Ќе донесе ли Дедо Мраз поевтини празници оваа година?
Во пресрет на новогодишните празници, Министерството за економија и труд најави воведување на новогодишна потрошувачка кошничка со над 500 производи, со цел да се стабилизираат цените на основните прехранбени артикли и да се спречи нивно зголемување во периодот на зголемена потрошувачка.
-
Mакедонските возачки дозволи ќе бидат признати во Обединетите Арапски Емирати
Министерот за внатрешни работи, во рамки на првата официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, потпиша меморандум за меѓусебно признавање на возачките дозволи помеѓу двете држави.