![Внимавајте за 1 Мај – казни од 50 до 200 евра!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/14/ba89ed41-resize-820x0x100.jpg)
Се апелира до граѓаните коишто планираат претстојниот празник 1 Мај да го поминат во природа, особено на местата како што се: Парк –шумата Водно, Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад.
Воедно ги информираме граѓаните дека екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини и ги потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра, соопштуваат од Градот.
Внимавајте за да не се изложите на дополнителни трошоци.