
Регулаторна комисија за енергетика утре ќе ги соопшти одлуките поврзани со цената на преносниот и дистрибутивен систем за електрична енергија (МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО).
АД ЕСМ на последниот тендер на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават-часови којашто е за две евра повисока од досегашната цена што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач.
Оваа цена има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари.