
Во главниот град на Тајланд, Бангкок од денеска во следните седум дена јавниот превоз ќе биде бесплатен. Одлуката е донесена во обид да се намали високото ниво на загаденост на воздухот
Мерката им овозможува на патниците бесплатно да користат автобуси, како и електрични возови во Бангкок. Властите се надеваат дека со бесплатниот јавен превоз ќе се намали бројот на приватни автомобили на улиците, кои со фабриките и прашината од градилиштата се клучните фактори кои влијаат врз зголемено загадување.
Според податоците на „АјКјуЕр“ ( IQAir) Бангкок денеска е 14-ти најзагаден град во светот, со квалитетот на воздухот класифициран како „нездрав за секого“. Претходно, главниот град на Тајланд беше меѓу 10-те најзагадени градови во светот.