
Дозволите за искачување на Еверест ќе поскапат за првпат по 10 години, објавија непалските власти.
Од септември, цената за дозвола ќе изнесува 15.000 долари, што е зголемување од 36%. Надвор од главната сезона (април-септември), цените ќе бидат 7.500 долари (септември-ноември) и 3.750 долари (декември-февруари).
Приходите од планинарењето учествуваат со над 4% од економијата на Непал. Владата издава околу 300 дозволи годишно, но се соочува со критики поради гужвите и проблемите со ѓубрето. Откако непалската армија почна чистење во 2019 година, отстранети се 119 тони ѓубре и 14 тела.
Судот во Непал препорача ограничување на дозволите заради безбедност, но конкретен број не е утврден. И покрај ризиците, интересот за искачување на „покривот на светот“ останува голем.
Извор: netpress.com.mk