
Во свет каде што доминираат тастатури и екрани на допир, рачното пишување станува се поретка вештина, особено кај генерацијата З. Истражување на Универзитетот во Ставангер открива дека околу 40% од младите ја губат способноста за рачно пишување – клучна алатка за комуникација веќе 5500 години.
Социјалните мрежи и апликациите за пораки, како WhatsApp, го поттикнуваат трендот на кратки пораки и емотикони, заменувајќи ги традиционалните ракописи. Наставниците предупредуваат дека многу студенти не можат да пишуваат јасно и често избегнуваат подолги текстови, што се одразува и на нивните когнитивни способности.
Рачното пишување, важно за развојот на мозокот и учењето, полека исчезнува од секојдневието, на штета на подлабоката и лична комуникација. Прашањето останува: Може ли генерацијата Z да ги задржи овие основни вештини додека напредува со технологијата?
Извор: indiandeferenceview.com