
Просечната плата во Црна Гора изнесувала 1.000 евра во јануари.
Според податоците на Монстат, таа била за 0,8 отсто помала од декември лани.
Просечната нето плата во јануари е зголемена за 22,6 отсто во однос на истиот месец лани. Просечната бруто плата во јануари во Црна Гора била 1.200 евра.
Просечната нето-заработка во јануари е зголемена во однос на претходниот месец во следните сектори: земјоделство, шумарство и рибарство 5,5 отсто, транспорт и складирање 4,4 отсто, здравство и социјална заштита 4,3 отсто. Понатаму, во градежништвото има пораст од 3,3 отсто, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли 1,2 отсто, рударство и вадење гас, 6 отсто, стопанисување со електрична енергија Уринг и услуги за сместување и храна по 0,1 отсто.
Извор: faktor.mk