
Вибер е една од најшироко распространетите апликации за четување, а дневно ја користат милиони корисници од сите делови во светот.
И покрај тоа што ни овозможува лесно и непосредно да комуницираме со нашите пријатели, таа има низа недостатоци.
Дали знаевте дека пораките кои ги испраќате и повиците кои ги правите преку Вибер можат лесно а бидат прислушкувани? На интернет постојат бесплатни програми кои се направени само да ви причинат мака.
Поради тоа, голема грешка е да се откриваат лични податоци и информации, кои би требало да бидат тајни и достапни само за блиски луѓе. Ни обичните телефонски разговори не се лишени од овој проблем, но се далеку позаштитени и посигурни.
Затоа, Вибер треба да користите само за размена на основни информации, додека сериозни разговори да водите преку други канали.