
Според едно спроведено истражување во Велика Британија, над еден милион од сообраќајните несреќи се предизвикани од лица кои возеле со апостолки. Тоа само по себе е доволен факт зошто не треба да се вози во апостолки.
Подетално, апостолките поради својата форма и материјалот од кои се изработени не го зацврстуваат стапалото за ѓонот, а сето тоа придонесува во одредени ситуации стапалото да се лизне при што позиционирањето на силата на стапалото добива дисбаланс.
Појавата од ризичен настан се зголемува при високите температури, а кога нема соодветно ладење во внатрешноста на автомобилот. Тогаш се појавува потење на стапалото, предизвикано од жешкото, но и материјалот на апостолката. Тоа пак, повторно може да предизвика лизгање на стапалот, но и на апостолката од педалите.
Советот е едноставен: никогаш, ама баш никогаш не возете во апостолки. Тоа е добро за вашата безбедност, безбедноста на околината, но и за доброто на вашиот буџет. Имено во многу земји возењето во апостолки е казниво. Во Франција ќе добиете казна од 90 евра, во Шпанија од 200 евра, а помали казни ќе добиете и во земјите од регионот. Истото се однесува и за Грција.