
Германија е во потрага по работна сила, а најголема побарувачка има во источна Германија. Според истражувањето на Институтот на германската економија во Келн, заклучно со октомври годинава, на Германија и недостасуваат 263 илјади висококвалификувани кадри. Бројките покажале дека се потребни сите профили, од академци до работници.
Кај најголемиот дел од дефицитарните професии познавањето на германскиот јазик не е пресудно, велат експертите.
Брандебург, Саксонија Анхалт, Мекленбург Предна Померанија и Тирингија се дел од покраините каде се потребни нови кадри, а особено ИТ експерти.
Според друго истражување, во 2020 година Германија ќе има потреба од најмалку 120 илјади градежни работници.