Заморот знае да биде честа појава на работното место, особено во попладневните часови кога енергијата ни се намалува. Начините за да ја вратиме истата и да ги издржиме тие 8 часа се многубројни. Некои посегнуваат по благо, други прават мали прошетки, а трети се "блиски пријатели" со кофеинот.
Експертите велат дека постојат неколку едноставни трикови со кои веднаш ќе успеете да ги "наполните батериите".
Добар појадок
Можеби звучи како клише, но квалитетниот појадок многу ќе ви помогне да го победите заморот. Истражувањата покажале дека оние кои појадуваат сабајле се помалку уморни од оние кои денот го започнуваат со шолја кафе или чај.
Внимавајте на обврските
Најважната работа е добро распределување на дневните обврски. Па така, доколку знаете дека некоја обврска ќе ви одземе поголем дел од времето, најдобро е да ја завршите наутро кога сте полни со енергија и концентрација.
Кратки прошетки
Свежиот воздух е секогаш добредојден. Дури и кратка прошетка од 10 минути ќе ви ја подобри концентрацијата. Многумина мислат дека ќе бидат попродуктивни доколку непрекинато работат, но тоа е далеку од точно. Малите паузи повремено можат чуда да направат.