Од 1 јануари 2021 на сила ќе стапат нови правила за стекнување на работна виза во Велика Британија
Според нив, предност ќе им се даде на висококвалификуваните работници со намера да се запре зависноста од евтината работна сила од Европа.
Со новиот имиграциски систем, ќе се доделуваат бодови за посебни вештини, квалификации и занимања, а визи ќе им се издаваат само на оние што ќе ги имаат доволно.
Инаку, неопходни услови за да се добие работна виза во земјата е да го зборувате англискиот јазик и веќе да имате договорено работно место со минимална годишна плата од 25.600 фунти.