
Во известувањето од МВР стои дека:
Лицата сместени во државен карантин, а кои треба да го напуштат државниот карантин, за време на викенд, кога е ограничено движењето, или пак се од градови каде има ограничување на движење преку целата седмица, ќе бидат прашани од страна на полициски службеник за име и презиме на лице и податоци за возило кое ќе дојде да го изврши транспортот. Полициските службеници имаат списоци на дневна основа кој граѓанин кога го напушта државниот карантин и тие ги најавуваат лицето и возилото кое ќе дојде по нив.
Официјалното соопштение можете да го пронајдете ТУКА.