
Италијанската влада одлучи на 3 јуни да дозволи патувања од и во земјата, со што значително се олеснуваат рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот.
Ова значи дека Италијанците повторно ќе можат да патуваат и меѓу регионите, што исто така беше строго ограничено.
На 18 мај се отвораат и продавниците и рестораните, секако, со почитување на мерката за социјално дистанцирање.
Ова се чекори кон враќање на животот во нормала и обид кон закрепнување на економијата, бидејќи оваа европска држава беше најтешко погодена и беше првото жариште во Европа.
Италијанската влада се надева дека ќе ја спаси и летната туристичка сезона.
Засега, во земјата ќе можат да влезат само посетители од земјите членки на ЕУ.