
Компанијата Триглав осигурување живот доби нов генерален директор и извршен член на одбор на директори. Вилма Учета-Дузлевска ја презема челната позиција во компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето.
Учета-Дузлевска е добитник на овогодинешната награда Business Elite’s „40 under 40“ како една од најуспешните млади бизнис-лидери во Југоисточна Европа.
Компанијата Триглав осигурување живот АД Скопје како дел од групацијата Триглав, која е воедно најголемата осигурително-финансиска групација во регионот Адриа, на македонскиот осигурителен пазар постои од 2017 година.