Vrabotuvanje.com -
Сподели
Tweet
Сподели

Читање на резултатите од Прашалникот за лични карактеристики

Не можам да ги прочитам резултатите од Прашалникот за лични карактеристики. Ве молиме за упатство за нивно читање.

Резултатите од Прашалникот за лични карактеристики се во пдф формат и на вашиот компјутер треба да ја имате инсталирано апликацијата Adobe Reader. Апликацијата може да ја најдете на следниов линк: https://acrobat.adobe.com/us/en/acrobat/pdf-reader.html. Инсталацијата е брза и едноставна.

Препораки од претходни работодавачи

Во многу огласи имаме забележано дека работодавачите бараат препораки од претходни работодавачи. Што треба да содржи таквата препорака, каде може да се види пример на препорака?

Препорака е документ кој работодавачот/менторот го дава на барање на работникот. Не постои точно одредена форма на препорака туку се пишува како допис во форма на изјава. Освен податоци за фирмата и контакт, работодавачот треба да ги наведи сите значајни информации кои потврдуваат дека соодветното лице било вработено во таа фирма (времетраење на работниот однос, позицијата, основни обврски и проекти), да наведе субјективна оценка на работната етика, специфични вештини и сите други предности поради кои барателот на работа би бил идеален кандидат за позицијата за која се интересира. 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде