
Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните нестабилно со локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер, особено во среда и во деновите од викендот.
За денес иако утрото е сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи.
А еве што не очекува од Утре?
Претпладне сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Околу пладне и попладне ќе има локална појава нанестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 21°C до 27°C