
Во петок и во сабота ќе се задржи стабилно време со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст, соопшти УХМР.
Во недела уште од ноќта ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.
Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.