
Недовршената црква од проектот „Скопје 2014“, несудената „Св. Констанин и Елена“ која уште стои на улица Македонија ќе добие нов газда. Приватната здравствена установа „Ре-Медика“ ќе го откупи објектот од градежната компанија „Бетон“ која почна да го гради објектот во 2012 година, а за таа цел ќе го отплати долгот од 4,4 милиони евра кој кон „Бетон“ го имаат МПЦ-ОА и фондацијата „Св. Цар Константин“.
Оваа одлука треба да ја усвојат акционерите на градежната компанија на вонредното акционерско собрание кое е закажано за 18 октомври. Кога ќе се усвои, точно 270 милиони денари (4,4 милиони евра) долг од фондацијата и МПЦ ќе бидат отстапени како побарување кон „Ре-медика“.
„Се одобрува склучување на зделка со заинтересирана страна – склучување на Договор за отстапување на побарувањето со Приватна здравствена установа општа болница РЕ – МЕДИКА Скопје, во вкупен износ од 269.918.842 денари. Побарувањето, ДГ БЕТОН го побарува од Фондацијата Св. Цар Константин и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, согласно Спогодба за регулирање на меѓусебните права и обврски 25.12.2020 година“, стои во предлог одлуката.
Извор: press24.mk