
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Како што информира УХМР, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност.
Во Скопје слично време, претпладне со појава на магла и значителна ниска облачност, а од пладне сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.
Во следните денови во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Во понеделник ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а во вторник се очекува локална појава на слаб дожд и опаѓање на температурите.