
Несекојдневен настан во Сараево
Анонимен донатор ги платил сите трошоци за екскурзија во Сараево на која патувале ученици и наставници од селото Саница. Од училиштето информираат дека на екскурзијата во главниот град на Босна и Херцеговина патувале вкупно 102 ученици, а донаторот на сметка на училиштето уплатил 5.000 босански марки и тие пари се искористени за да се платат трошоците за превоз, влезниците и да се обезбеди џепарлак за секое дете.
Условот за реализација беше донаторот да остане анонимен и тој инсистираше на тоа. Дури и ангажира посредник, кој ја одработи целата работа за да не се открие неговиот идентитет, а условот беше да се оди во Сараево и екскурзијата да биде со едукативен карактер – истакнаа од училиштето.
Тие претпоставуваат дека се работи за личност што на некој начин е поврзан со овие простори и е запознаен со ситуацијата во Саница и во нивното училиште каде што учат ученици кои потекнуваат од посиромашни семејства чии родители не можат да им обезбедат на децата нешто вакво.
Според нив, донаторот ветил слична поддршка и во иднина и изразил надеж дека неговиот пример нема да биде единствен.