
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во ноември 2021 година изнесувала 29.130 денари
Според податоци на ДЗС највисоката просечна нето плата во ноември е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 74.062 денари, следи Воздухопловен транспорт – 52.032 денари, па Производство на фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 47.086 денари, па Складирање и помошни дејности во превоз – 46.271 денари и Финансиско-услужни дејности освен осигурување и пензиски фондови – 46.114 денари.