
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува за три работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28 јануари 2022 година.
Како што соопшти Управата за јавни приходи, рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава е согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, поради актуелната состојба со Ковид-19 и со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци.