
Во првиот погон веќе тече производството на навлаки за седишта и сродни производи за автомобили за извоз а денес компанијата Леар ќе ја добие дозволата за работа на новиот производствен погон...
Како што е соопштено новиот, втор погон за производство во ТИРЗ Тетово се простира на површина од 8 илјади м2 а инвестицијата е 15 милиони евра.
Фабриката на ,,Леар Корпорејшн“ во Македонија е лоцирана во ТИРЗ Тетово на површина од 12.000 квадратни метри со инвестиција вредна над €15 милиони. Располага со врвна машинерија, производни капацитети (за сечење кожа и платно), магацин и канцелариски простории.
извор: faktor.mk