
Обновени се летовите на редовната авионска линија Софија-Скопје-Софија. Првиот лет на бугарската авиокомпанија ГуливЕр ќе биде на 26 март 2022 година. Авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник.
Повратниот лет ќе чини околу 70 евра.
Авиолинијата беше воспоставена на 11 февруари, а летот ќе биде со времетраење од 35 минути.
извор: republika.mk