Замислете да поминете еден семестар од академската година патувајќи со брод. Токму така учат американски студенти на бродот „Ворлд одисеј“, кој неодамна го посетил Дубровник.
Студенти се од различни високи школи и универзитети од речиси сите сојузни американски држави. Поминувањето еден семестар на море им нуди компаративно образование на локални универзитети.
На бродот има околу 400 студенти, а со нив се и професорите и деканите. На актуелната пловидба студентите учат околу 40 предмети од областа на економијата, теологија, книжевност, политички науки, јазици…