
Продавниците во Финска пуштија во продажба пиво произведено специјално по повод средбата меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, закажана за понеделник во финската престолнина Хелсинки.
Финската пивара РПС Бруинг на етикетата ги поставила двајцата шефови на држави, а среде нив, натпис: „Ајде да го средиме ова како возрасни”.
Цената на шише од специјалното пиво е 3,49 евра. На некои места, производот е веќе распродаден, пренесува ТАСС.
На интернет се нудат и тениски топчиња со истата слика.
vesti24.mk