Деловните банки, преку своите филијали и експозитури ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи...
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2022 година, и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година, а на деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2022 година. Деловните банки, преку своите филијали и експозитури ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата, и тоа: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок). Во пензиите за месец март се вклучени првите 1.000 денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и мајската пензија.Мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29-ти март
Актуелно
-
МВР објави оглас, се бараат вработени за овие позиции
ЈАВЕН ОГЛАС
-
Објавена листата на најубавите Божиќни базари во Европа
Интернет-страницата „Тајмаут“ (Time Out) објави листа на најдобрите божикни базари, кои не се само места каде што може да се ужива во греено вино или топло чоколадо, туку се и вистински мали „земји на чудата“…
-
Контроли на патарините низ државата, за неплаќачите казни од по 200 евра
Јавното претпријатије за државни патишта спроведе 13 контролни акции на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица каде се изречени мандатни казни од по 200 евра на сите кои се обиделе да избегнат плаќање патарина.
-
БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?
Умаг ќе им исплати најголем божиќен бонус на пензионерите – од 30 до 600 евра.
-
Прогласен е за најдолг збор на германски јазик и има дури 67 БУКВИ! Можете ли да го изговорите ова?
Не толку мелодичен, но еден од најважните јазици, особено во деловниот свет, е германскиот. А речникот на германскиот јазик го избра најдолгиот збор кој содржи дури 67 букви...
-
Позитива на денот: 61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за Гинекологија
Во ретка и значајна медицинска постапка, 61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Според директорката на клиниката за Гинекологија и Акушерство, оваа жена е најстарата која го постигнала овој подвиг во Македонија.