
Српската влада одобри извоз на пченица и пченка во С. Македонија, за договори склучени пред да стапи на сила привремената забрана за извоз на основни земјоделски производи.
Наведено е дека „тоа нема да предизвика нарушувања во функционирањето на домашниот земјоделско-прехранбен сектор, ниту да ја загрози прехранбената безбедност на населението“ и ќе придонесе, како што беше посочено, „за градење доверба и одржување на добри трговски односи во регионот“.
Српската влада ја усвои и Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати, која ќе биде на сила до 30 април.
Беше наведено дека уредбата е донесена со цел да се спречат поголеми нарушувања на пазарот и да се зачува животниот стандард на населението.
извор: biznisinfo.mk