
Времето во Македонија денеска, 9. мај, понеделник, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен, а во југоисточните делови југоисточен ветер.
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 25 Целзиусови степени, Маврово 17, Охрид 20, Битола 22, Крива Паланка 23, Берово 22, Кавадарци 26, Дојран 27.