![Во Германија 25 проценти од вработените работат од дома](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/2e/7a9411e2-resize-820x0x100.jpg)
И по укинувањето на обврската на работодавците да им понудат на вработените можност да работат од дома, сепак една четвртина од вработените кај кои е можна оваа форма на работа ја користат оваа можност.
Mногу компании трајно се адаптираа на пофлексибилни работни модели, изјави Жан-Виктор Алипур од Институтот Ифо во Минхен (Институт за економски истражувања).
Според истражувањето, во април 24,9 отсто од вработените работеле од дома, што е нешто помалку отколку во март кога оваа можност ја искористиле 27,6 отсто.
Обврската на работодавците да им понудат работа од дома на вработените каде тоа е можно, што беше една од мерките против пандемијата со Ковид-19, истече на 20 март.