
На вработен во една од најголемите компании за преработка на месо во Чиле, случајно му е исплатена многу поголема сума наместо вообичаената плата, која изнесува 500 долари.
Откако наместо вообичаените 500 на сметката имал 165.398.851 долари, работникот преку адвокат го раскинал договорот за работа и исчезнал.
Грешката во компанијата „Consorcio Industrial de Alimentos (Cial)“ ја забележал секторот за човечки ресурси на 30 мај 2022 година и го известил работникот дека му е исплатена поголема плата и побарале од него да оди во банка и да ги врати парите. Работникот ветил дека тоа ќе го направи веднаш следното утро, но откако тој ден излегол од работа, повеќе не се вратил.
На 2 јуни неговиот адвокат ја известил компанијата дека го раскинува договорот за вработување. Компанијата поднесе тужба против работникот.
извор: biznisinfo.mk