
Втора година по ред учениците во Македонија не ги добиваат свидетелствата веднаш по завршување на училишната година. До редакцијата на Фактор стигнаа голем број коментари од родители и наставници кои посочуваат дека најрадосниот момент за учениците, посебно за оние најмладите, доделувањето на свидетелствата, е оневозможен заради проблемот со печатење.
Истовремено за овој проблем проговорија и неколку одделенски наставници од прво до петто одделение, како и класни раководители, кои потврдуваат дека станува збор за проблем околу изборот на печатница. Во разговорот за Фактор нагласија дека сведетелства добиле само деветооддлеленците и матурантите заради тоа што станува збор за заокружување на основното или средното образование.
Целиот текст прочитајте го на faktor.mk