
Градот Скопје се вклучува во програмата за општинско-корисна работа со која ќе бидат ангажирани 20 невработени лица со скратено работно време во рамки на проектот „Социо-образовни придобивки преку поддршка на ранливите категории граѓани на територија на Град Скопје“.
Работниот ангажман е 20 часа неделни и лицата за тоа ќе добиваат месечен надомест од девет илјади денари. Тие во рамки на проектот ќе имаат и платена обука. Рокот за аплицирање е до 14 август.
Корисниците на услугите од проектот, како што информираа не денешниот брифинг во Град Скопје, веќе се селектирни и добиена е согласност за нивно учество.
Целта на проектот е унапредување на социјалните услуги на територија на градот Скопје, со акцент на социјално ранливите категории на граѓани и нивните секојдневни потреби. Дополнително, за работно ангажираните лица преку стручното оспособување и практичното искуство во рамки на проектот, ќе се овозможи нивно полесно вклучување на пазарот на труд.
Проектот е во организација на Град Скопје, Агенцијата за вработување и Програмата за развој на Обединетите нации. Партнери во проектот се и здружението за поддршка и развој Хуманост и сојузот на лица со телесен инвалидитет Мобилност од Скопје.
mkd.mk