
Дали правењето ајвар ќе биде луксуз?
Метар кубен дрва се продава за 4 500 денари, зејтинот скокна на 150 до 170 денари, а неизвесна е и цената на ајварската пиперка.
Ќе прават оние што имаат, ама не е како порано да има за сите. Сега се прави селекција, кој има, има, а тие што немаат не може ни сега да си дозволат ако земаат пензија 9 000 денари.
Минатата година за приготвување на една тегла ајвар беа потребни 170 денари, а се продаваше по цена од 300 денари. Килограм ајварски пиперки чинеа 50, а зејтинот 70 денари, а годинава останува да видиме!