
Минималните трошоци на едно семејство за јули изнесуваат 47.042.000 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според Синдикатот, оваа сума не е доволна ниту за семејства каде има двајца вработени кои имаат примања од една просечна и една минимална плата.
Истовремено, имајќи во предвид дека инфлацијата од 16 проценти ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денари со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин, велат од ССМ.
извор: mk.tv21.tv